![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3d/%25D0%259F%25D1%2580%25D0%25B5%25D1%2581%25D0%25BF%25D0%25B0%25D0%25BD%25D1%2581%25D0%25BA%25D0%25BE_%25D0%2595%25D0%25B7%25D0%25B5%25D1%2580%25D0%25BE.png/640px-%25D0%259F%25D1%2580%25D0%25B5%25D1%2581%25D0%25BF%25D0%25B0%25D0%25BD%25D1%2581%25D0%25BA%25D0%25BE_%25D0%2595%25D0%25B7%25D0%25B5%25D1%2580%25D0%25BE.png&w=640&q=50)
Преспанско Езеро
езеро во Вардарска Македонија, Егејска Македонија и Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Преспанско Езеро — природно езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата. Претставува важно водно живеалиште и затоа е прогласено за рамсарско место. Прогласено е за споменик на природата во 1977 година.
Преспанско Езеро | |
---|---|
![]() Карта на Преспанското Езеро | |
![]() Местоположба | |
Подрачје | Македонија, Албанија, Грција |
Координати | 40°54′N 21°02′E |
Вид | тектонско |
Сливни земји | Македонија, Албанија, Грција |
Најг. должина | 28 км км |
Најг. ширина | 17 км км |
Површина | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“}}276,40 км2 км2 |
Прос. длабочина | 54 м м |
Најг. длабочина | 76 м м |
Надм. височина | 853 м м |
Замрзнато | 2002 |
Острови | Голем Град, Мал Град |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5e/%D0%92%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA.jpg/640px-%D0%92%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA.jpg)
Преспанско Езеро се соочува со сериозна еколошка катастрофа.[1] Во 2020 година е забележано најголемото досегашно опаѓање на нивото на езерото, кое на места изнесува минус 250 до 260 сантиметри во висина, односно под нормалното ниво на водостојот.[2] Нивото на водата е намалено за 9 метри, а зафатнината за 50 %, крајбрежната линија е повлечена за 3,5 км, има исушени блата, мал дотек на чиста, свежа и богата со кислород вода, големо присуство и концентрација на сулфати и пестициди, продор на сончевите зраци до дното, дислокација и наголемување на количината и просторот со присуство на разни видови алги, намалената чистота на водата и друго.