From Wikipedia, the free encyclopedia
Рамсарска конвенција (полн назив: „Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици“) — меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта)[1] со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност. Наречена е по градот Рамсар во Иран, каде е потпишана во 1971 г.
Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици' | |
---|---|
Лого | |
Потпишан | 2 февруари 1971 |
Место | Рамсар, Иран |
На сила од | 21 декември 1975 |
Услов | Ратификација од 7 држави |
Странки | 168 |
Чувар | Ген. директор на УНЕСКО |
Јазици | англиски, француски, германски и руски |
Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро.[2] Во 1994 г. е основан и Македонскиот рамсарски комитет.[3]
Конвенцијата е осмислена и усвоена од 21 држава на собирот во градот Рамсар на 2 февруари 1971 г., чиј домаќин било Министерството за животна околина на Иран.[4] Стапила на сила на 21 декември 1975 г.
На 2 ноември 2013 г. постоеле 2.168 рамсарски места во 168 држави. Местата имаат вкупна површина од 206.632.105 хектари. Највеќе заведени места има Велика Британија (169), а најголем удел по површина има Канада (130.000 км²). Дефиницијата за водно живеалиште е прилично широка: морски подрачја не подлабоки од 6 м при осека, мочуришта, езера, езерца, оризарници и солани.[5]
Потписниците се состануваат на секои три години, почнувајќи од 1980 г. Досега на собирите се усвоени два амандмана во 1982 и 1987 г.[6]
Организацијата има постојан комитет, стручен одбор и секретаријат. Седишето се наоѓа во Гланд, Швајцарија, во кое е сместен и Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП). Соработува со разни еколошки организации за подобар успех во делувањето.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.