Горица (Албанија)
град во Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
град во Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Горица или Корча (албански: Korçë, грчки: Κορυτσά, влашки: Cоrceaо, турски: Görice) — град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 г. со спојување на дотогашните општини Дреново, Горица, Лејка (Лекас), Дворани, Булгарец, Високуќи (Виткуќ), Воскоп и Москополе, кои станале општински единици.[1] Според пописот од 2011 г. населението на сегашната општина брои 75.994 жители, а тогашната општина зафаќала 805.99 км2.[2] Според истиот попис, тогашата општина броела 51.152 жители.[3]. Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.
Горица | ||
---|---|---|
Општина | ||
Поглед кон Горица | ||
| ||
Координати: 40°37′N 20°46′E | ||
Држава | Албанија | |
Област | Горица | |
Округ | Горица | |
Основан | 15 век | |
Управа | ||
• Градоначалник | Сотираќ Фило | |
Надм. вис. | м | 850|
Население (2013) | ||
• Вкупно | 51.683 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 7001-7004 | |
Повик. бр. | (+355) 082 | |
Рег. таб. | KO | |
Мреж. место | bashkiakorce.gov.al |
Во Горица живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население кое говори на својот горички дијалект. а исто така и голем број на православни етнички Албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките Македонци од тој крај. Од 2010 година во Горица зрачи и локална телевизија (ТВ Кристал) на македонски јазик.[4]
Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на влашкиот учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Горица.
Во 2000-те е отворено и првото училиште на македонски јазик со поддршка од партијата Македонска алијанса. Од 2015 г. во градот се одржува и македонскиот фолклорен фестивал „Сонце“.
Градот е именуван различно во други јазици: грчки: Κορυτσά, Koritsá; италијански: Coriza; турски: Görice.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.