Цар Самоил
Македонски цар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Цар Самоил[10] или цар Самуил (958 — 6 октомври 1014) — средновековен македонски владетел, кој на преминот од X кон XI век образувал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.
Самоил | |
---|---|
Цар на Самоиловото Царство или Македонското Царство [1][2][7][8] | |
Портрет | |
На престол | 997−1014 год. |
Претходник | Комес Никола |
Наследник | Гаврил Радомир |
Деца | Гаврил Радомир, Теодора Косара, Мирослава, Катун, Анастасија |
Династија | Комитопули |
Татко | Комес Никола |
Мајка | Рипсимија |
Државата што ја создал е позната како Самоилово Царство,[11][12] а еден дел од историчарите, за да направат јасна разлика помеѓу новата држава [13][14][15][16][17][18][19][20][21][22][23][24][25][26][27][28][29] која ја создал Самуил и царството на бугарскиот цар Симеон I (Прво Бугарско Царство), го нарекуваат Македонско словенско царство, Македонско царство [1][2][30][31][32][33][34][35][36] или Западно Бугарско Царство. Поголемиот дел од бугарските и еден дел од светските историчари го сметат за Бугарско Царство [37][38][39][40][41][42][43][44][45], според некои историчари Самоил бил владетел на Првото Бугарско Царство.
Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.
Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.
Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот цар Василиј. Учествувал во сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел од Бугарија).
Ги прифатил државно-правните традиции на Првото Бугарско Царство и според некои извори се прогласил за цар, со круна што му ја испратил римскиот папа.[11] Како формално-правен наследник на бугарските цареви, во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско Царство [30].
Починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. Бил оженет со византиската благородничка Агата од Драч, со која имал четири ќерки и синот Гаврил Радомир. Зачуван е неговиот натпис (992/3), во спомен на родителите и на братот Давид.
На 28 јуни 2011 година на централниот плоштад во Скопје бил поставен монументален мермерен споменик на Самоил.[46]