Рипсимија
македонска благородничка од ерменско потекло, сопруга на комесот Никола и мајка на Комитопулите, вклучувајќи го Цар Самоил / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рипсимија (старословенски: Риѱимиѧ) — македонска благородничка од ерменско потекло, сопруга на комитот Никола и мајка на комитопулите — браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, подоцна Цар Самоил, владетел на средновековното Македонско Царство.[1]
Рипсимија | |
---|---|
Самоиловиот натпис од 993 г. | |
Роден(а) | ? |
Починал(а) | пред 993 |
Занимање | македонска благородничка |
Активен период | X век |
Сопружник | Комит Никола |
Деца | Давид, Мојсеј, Арон и Самоил |
За нејзиниот живот не се знае речиси ништо. Нејзиното име е познато од прилогот на епископот Михаил Деволски кон летописот на Јован Скилица. Познато е дека починала нешто пред 993 г., од кога датира познатиот Самоилов натпис од црквата „Св. Герман“ во с. Герман, Преспанско, поставен од Царот Самоил во спомен на неговите родители и брат му Давид врз нивниот гроб (кој не е пронајден).
Го носела името на популарната ерменска светица Рипсиме, која маченички умрела во 290 г. Ова сознание служи како аргумент за тезата за ерменскиот удел во Охридската династија.[2][3] Постои претпоставка дека била ќерка на ерменскиот цар Ашот II и царицата Марија од Качум.[4]