Јован Скилица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јован Скилица (грчки: Ιωάννης Σκυλίτζης) — византиски хроничар од крајот на XI век. Во византиската управа го имал високиот чин куропалат, а претходно бил megas droungarios tes viglas.
Неговото најзначајно дело е „Краток сказален опис“ (Σύνοψις Ἱστοριῶν), кој го опфаќа периодот од 811 до 1057 год., т.е. од смртта на императорот Никифор I до крајот на владеењето на Михаил IV. Делото на Скилица се смета како продолжение на хрониката на Теофан Исповедник. Постои и продолжение на хрониката на Скилица најверојатно од истиот автор, која го опфаќа периодот од 1057 до 1079 год., а познато е како Skylitzes Continuatus ("Продолжението на Скилица").