Христо Татарчев
македонски лекар и револуционер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Д-р Христо Татарчев (16 декември 1869, Ресен — 2 јануари 1952, Торино, Италија) — македонски лекар, еден од основачите на Македонската револуционерна организација и прв претседател на Централниот комитет. Завршил гимназија во Пловдив, а медицина во Цирих и Берлин. Во 1901 бил уапсен и заточен во Бодрум Кале. По амнестирањето бил член на Задграничното претставништво на ЦК на ТМОРО. Бил и еден од основачите на Македонската федеративна организација. Поради отворените закани од ВМРО на Тодор Александров бил принуден да емигрира во Италија. Автор е на статии и публикации за македонското прашање.
Кратки факти Христо Татарчев, Претседател на Централниот комитет на ВМРО ...
Христо Татарчев | |
---|---|
Претседател на Централниот комитет на ВМРО | |
На должноста 1894 – 1901 | |
Наследник | Дамјан Јованов Груев |
Задграничен претставник на Централниот комитет на ВМРО | |
На должноста 1902 – 1905 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 16 декември 1869(1869-12-16) Ресен, Отоманско Царство |
Починал(а) | 2 јануари 1952(1952-01-02) (возр. 82) Торино, Италија |
Занимање | револуционер |
Професија | лекар |
Потпис |
Затвори