Пловдив
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пловдив (бугарски: Пловдив) е град во Јужна Бугарија. Тој е вториот по големина град во Република Бугарија со 360 000 жители[1] и претставува административен центар на Пловдивска област.
Пловдив Пловдив | |||
---|---|---|---|
град | |||
Познати места и градби во Пловдив | |||
Местоположба на Пловдив во Бугарија | |||
Координати: 42°8′31.51″N 24°44′29.23″E | |||
Земја | Бугарија | ||
Област | Пловдив | ||
Општина | Пловдив | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Здравко Димитров (ГЕРБ) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 101,98 км2 (39,37 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 164||
Население (2022) | |||
• Вкупно | 367,214 | ||
• Густина | 3,600/км2 (9,300/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
поштенски код | 4000 | ||
Повик. бр. | +359 032 | ||
Мреж. место | plovdiv.bg |
Пловдив се наоѓа на 24° 45' источна географска должина и 42° 9' северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 164 m. Градското подрачје зафаќа површина од 53 км2. Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската Низина.
Античкото име на Пловдив е Филипополис наречен така во чест на неговиот основач, македонскиот крал Филип.
Според статистиката, од 1885 година, кон крајот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои - 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други.
Во 1879 година, Пловдив е избран за престолнина на автономната област Источна Румелија, создадена со Берлинскиот конгрес во 1878 година. Од 1885 година таа е присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја напада бугарската држава, но ја губи војната. Од Источна Румелија Османската империја го задржа само градот Крџали и неговата околина, во која тогаш живеат исклучиво Турци и која влегува во составот на Бугарија во 1912 г.
Пловдив е родното место на повеќе познати личности меѓу кои се и Панајот Пипков, Апостолос Николаидис, Христо Бонев, Стефка Костадинова, Христо Стоичков и Петар Стоjaнов.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.