Македонска федеративна организација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организација [1] или Македонска емигрантска федеративна организација — политичка и револуционерна организација на македонската емиграција во Бугарија. Со Уставот на МЕФО била определена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави. Внатрешно, Македонија би била организирана како мултиетничка држава, со кантони и со есперантото како заеднички јазик.[2]
Насловна на Уставот на Македонската федеративна организација | |
Функционира | 1921–1925 |
Цели | Независна Македонија |
Подрачја | Пиринска Македонија Вардарска Македонија Егејска Македонија Бугарија |
Статус | расформирана |
Организацијата го издавала својот орган „Автономна Македонија“ под редакција на Иван Снегаров и Владислав Ковачев. Водечки личности во раководството на МЕФО биле: арх. Никола Јуруков, д-р Христо Далкалчев, д-р Филип Атанасов, Владислав Ковачев, Климент Размов, Никола Киров Мајски и др.
Дел од раководните личности биле убиени од ВМРО на Тодор Александров (1923– 1924), други емигрирале во странство, а некои од нив пристапиле во ВМРО (Обединета).