Хлодион
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хлодион (околу 392/395–445/448) - наречен Долгокосиот бил крал на Салиските Франки од династијата Меровинзи. Тој живеел на територијата на Тирингија, во тврдината Диспаргум. Тој ja нападнал Римското Царство во 428 поразувајќи ги римските сили во Камбре, и се утврдил во Северна Галија, каде веќе живееле и други групи Салиски Франки. Иако бил напаѓан од страна на Римјаните, успеал да ја задржи својата положба и 3 години подоцна, во 431, го проширил своето кралство јужно од реката Сома во идната Франкија. Во 448, 20 години по започнувањето на неговото владеење, Хлодион бил поразен во неидентификувано место во Галија кое Флавиј Ециј, командант на римската војска, го нарекува Викус Хелена (латински: Vicus Helena).
Хлодион | |||||
---|---|---|---|---|---|
Крал на Салиските Франки | |||||
Наследник | Меровех | ||||
Роден(а) | c. 392/395 | ||||
Починал(а) | 445/448 Галија | ||||
Почивалиште | непознато | ||||
Деца | Меровех оспорувано | ||||
| |||||
Татко | Теудемерес или Фарамонд (и двајцата оспорувани) | ||||
Мајка | непозната или Аргота (оспорувано) |
Како и сите меровиншки кралеви, Хлодион носел долга коса како ритуален обичај. Негов наследник веројатно бил Меровех, според кој династијата го добила името 'Меровинзи'. Книгата за историјата на Франките (латински: Liber Historiae Francorum)[1] вели дека негов татко бил Фарамонд, за кој многумина веруваат дека бил легендарна личност поврзана со оваа лоза. Денешните историски истражувања сугерираат дека Фарамонд впрочем бил Вараздат соборен регент и принц на протераната Сиуниска династија[2] сепак, семејната поврзаност не може да се потврди со апсолутна сигурност. Фредегеровата хроника го прикажува Хлодион како син на Теодемер, еден од водачите на Салиските Франки и крал на Теруана (409-414).[3] Теодемер наводно бил франкиски крал за кој Григориј Турски вели дека бил погубен од страна на Римјаните. Во двата случаи, потеклото е несигурно и оспорено.