From Wikipedia, the free encyclopedia
Салиските Франки или Салии биле подгрупа на раните Франки кои најпрво живееле северно од лимесите (границите) на Римското Царство, во подрачјето на Рајна. меровиншките кралеви кои ја освоиле Галија биле Салијци. Од 3-от век натаму, Салиските Франки се појавуваат во историските податоци како воинствен германски народ и како пирати, а воедно и како Лаети (сојузници на Римјаните). Тие биле првото германско племе од онаа страна на лимесите кои трајно се населиле на римско тло. Во 358, дошле до некаква форма на спогодба со Римјаните кои им дозволиле да се утврдат во Токсандрија (подрачје околу денешна Холандија и белгиските провинции Северен Брабанд, Антверпен и Фламански Брабанд).
Салијците целосно го прифатиле франскиот идентитет и постепено престанале да се појавуваат под нивното оригинално име од 7-от век па натаму, кога целосно станале Франки.[1] Рупуарскиот законик (во ориг. Lex Ripuaria), потекнува од околу 630 од Келн и опишан е подоцнежен развој на франскиот закон познат како Салиски законик (во ориг.Lex Salica). Спротивно на популарното мислење, некои сметаат дека немало поделба на Франките меѓу Салијци и Рупуарци.[2][да се провери]
Повеќе хипотези постојат во врска со потеклото на нивното име но ниедна не е со сигурност потврдена:
Потеклото на салискиот народ не се знае. Тие за првпат се цитирани од страна на римските автори во 358 поради воените маневри на Харието, салиски водач кој бил сместен во Трир кој организирал одбрана на провинцијата од нападите на други племиња. Ова задоцнето појавување на Салијците во 360 година ги тера историчарите да мислат дека тие се впрочем новоименувано племе на веќе постоечки народи: или Шамави, или хаучко племе кое го напуштило својот народ за да им се приклучи на Франките[7] ·[8].
Тие биле населени во Холандија на југ од Заудерзе, територија на устијата на реките Вехт и Ајсел, која се нарекувала Салзе и која во средниот век станала Саланд. Тоа било територија со почва, со слатководна и солена вода. Легендата за Меровех чија мајка била оплодена од страна на некое чудовиште кое дошло од морето евоцира народ кој бил поврзан со водата и со морето.
Од римските документи и хроники дознаваме дека во 3 и 4 век се споиле со други германски народи и оформиле конфедерација на народи кои оставиле голем белег во историјата на Раниот среден век : Франките (franci, со нејасна етимологија : les « снажни » или « слободни » )[9].
Пред оваа прва појава во 358, во римските текстови се наведуваат Франките кои биле населени во долните текови на реката Рона без да се прецизира дали тие биле Салијци или не. Така Караусиј, кој се прогласил за император на Британија, во 286 склучил сојуз со Франките за овие кај устието на Рона да го спречат легитимниот император, Диоклецијан, да пушти флота против Британија. Максимилијан, генерал именуван од страна на Диоклецијан, тргнал во поход против Франките и го натерал Генобауд, « крал на Франките на брегот на океанот», да му се потчини. Максимилијан ги населил овие Франки во Токсандрија, на устието на Рона, зад лимесите, со статус на Лаети. Мошне брзо, Салијците биле потчинети на царската власт. Се чини дека Франките мошне добро го прифатиле нивниот статус кој пак од римска гледна точка бил понижувачки. Заштитени од римскиот мир, тие тука се размножиле и се повлекле накај запад долж Северното Море во Фландрија каде ќе се занимаваат со производство на сол, преку испарување на морската вода (соланите, можеби исто така етимолошки се поврзани со името "Салијци" (Салии)).
Во 5 век нивниот крал Хлодион Долгокосиот го искористил заминувањето на легиите кон Запад за да ги насели Салиските Франки меѓу Арас и Камбре, со престолнина во Турне кој ќе стане центар на нивната моќ и нивно живеалиште сè до времето на Хлодовик. Се создале и други кралства после смртта на Хлодион, она на Рагнакар, кој владеел во Камбре, и она на Харарик, за чија престолнина не се знае. Овие две кралства потоа биле обединети од страна на Хлодовик.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.