Хипертензија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хипертензија или висок крвен притисок, а понекогаш и артериска хипертензија, е хронична медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е покачен. Поради ова покачување на притисокот срцето треба да работи понапорно за крвта да може да циркулира низ крвните садови. Крвниот притисок има две вредности, систолен и дијастолен притисок, кои зависат од тоа дали срцето е контрахирано (систола) или релаксирано (дијастола). Нормален крвен притисок во мирување е од 100-140 mmHg кај систоличниот (високиот) и 60-90 mmHg кај дијастоличниот (нискиот). Постои присуство на висок крвен притисок доколку притисокот е постојано 140/90 mmHg или повеќе.
Хипертензија | |
---|---|
Синоними | Артериска хипертензија, висок крвен притисок |
Автоматски апарат за мерење на крвен притисок прикажана е артериска хипертензија (покажува систолен крвен притисок 158 mmHg, дијастолен крвен притисок 99 mmHg и пулс од 80 удари во минута). | |
Специјалност | Кардиологија |
Симптоми | Нема[1] |
Компликации | Коронарна артериска болест, мозочен удар, срцева слабост, периферна васкуларна болест, губиток на видот, хронична бубрежна болест[2][3] |
Причинители | Вообичаено животните навики и генетски фактори[4][5] |
Ризик-фактори | Зголемен внес на сол, прекумерна тежина, пушење, алкохол[1][4] |
Дијагностички метод | Крвниот притисок во мирување е > 140/90 mmHg[4] |
Третман | Промени во животните навики, лекови[6] |
Честота | 16–37% глобално[4] |
Смртни случаи | 9.4 милиони / 18% (2010)[7] |
Хипертензијата е класифицирана како примарна (есенцијална) хипертензија или секундарна хипертензија. Околу 90-95% од случаите се категоризирани како "примарна хипертензија", што значи висок крвен притисок без очигледна медицинска причина [5] Други состојби кои влијаат на бубрезите, артериите, срцето или ендокриниот систем се причина за останатите 5-10% од случаите (секундарна хипертензија).
Хипертензијата е главен ризичен фактор за мозочен удар, миокардијален инфаркт (срцев удар), срцева слабост, аневризма на артериите (на пр., аневризма на аортата), периферна артериска болест и е причина за хронична бубрежна болест. Дури и умерено зголемување на артерискиот крвен притисок се поврзува со скратен животен век. Промени во исхраната и начинот на живот можат да ја подобрат контролата на крвниот притисок и да го намалат ризикот од поврзани здравствени компликации. Но, за луѓе кај кои промените во начинот на живот се неефикасни или недоволни, потребен е медикаментозен третман.
Предлошка:TOC лимит