Периферна артериска болест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Периферна артериска болест (ПАБ) е абнормално стеснување на артериите, освен на оние кои го снабдуваат срцето или мозокот со крв.[1][2] Кога ќе се појави стеснување на срцевите артерии, се нарекува коронарна артериска болест, а во мозокот, се вика цереброваскуларна болест.[3] Периферната артериска болест најчесто ги зафаќа нозете, но може да бидат зафатени и други артерии – како оние во рацете, вратот, или бубрезите.[3][4] Класичен симптом е болка во нозете при одење, која се повлекува со одмор, позната како повремена клаудикација.[5] Други симптоми вклучуваат улцери на кожата, цијаноза, студена кожа, или абнормален раст на нокти и влакна на зафатената нога.[6] Можни компликации се гангрена која може да изискува ампутација; коронарна артериска болест, или мозочен удар.[3] До 50% од пациентите со ПАБ немаат симптоми.[5]