Болест (латински: morbus) — нарушување од нормалната животна дејност на организмот, придружено со структурни и функционални измени во него.
Според динамиката на протекување
перакутни - протекуваат за 1-3 денови, понекогаш за часови или дури минути; такви се повеќето тровења, некои алергични состојби, некои инфективни болести и др.;
акутни - протекуваат за 2-7 денови; така протекуваат повеќето воспалителни процеси и инфективни болести, и др.;
субакутни - протекуваат за 7-20 денови; така протекуваат некои бактериски и габични инфекции, и др.;
хронични - траат повеќе од 20 денови; така протекуваат повеќето автоимуни болести, габичните инфекции, и др.
Според локализацијата
општи (генерализирани) - го засегаат целиот организам; такви се речиси сите заразни и метаболитни болести, и др.;
месни (локални) - засегаат строго ограничени делови; општите промени во организмот се незначителни; такви се повеќето кожни болести, траумите (изгорувања, скршеници, исшачувања итн.) и др.
Предметот на медицината е настанувањето, развивањето, лечењето и профилактиката на болестите, секој дел од медицината изучува определен аспект на некоја група од болести. Основните медицински науки, коишто ги изучуваат болестите во целост, се:
Апсцес- Abscessus, новоформирана патолошка шуплина, обвиена со капсула по чија внатрешност се расположени епителни клетки - исполнета со гној, при локализирано гнојно воспаление.
Хепатит - воспаление на црниот дроб најчесто предизвикано од вирус или токсична материја
Хепатит А - воспаление на црниот дроб предизвикано од RNK вирус, од фамијлијата Picornaviridae, а најчесто се пренесува со ингестија на контаминирана храна и вода.
Хепатит Б - воспаление на црниот дроб предизвикано од DNK вирус ( Hepatitis B virus, од фамилијата Hepadnaviridae) кој опстојува во крвта и најчесто се пренесува преку сескуален контакт или трансфузија на инфицирана крв или крвни производи.
Хепатит Ц - воспаление на црниот дроб предизвикано од ретровирус (Hepatitis C вирус, од familijata Flaviviridae) кое има слични клинички манифестациии како Hapatitis B.
Рак - Cancer, болест која се одликува со неконтролирана клеточна делба, како и со способност на клетките на ракот да инвадираат други ткива, со директно растење или со миграција на клетките на далечни локализации.
Гастритис - воспаление на слузокожата на желудникот, кое настанува поради дејство на неинфективни (на пример при примена на нестероидни антиифламаторни лекови - аналгетици) или инфективни (на пример бактерии од родот на хелиобактер) агенси.
Настинка - Акутно вирусно воспаление на горнореспираторниот тракт
Заушки - Акутно воспаление на задвиличната плунковна жлезда
„Ревматизам“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1974 година.[19]
„Болест“ — песна на Блаже Конески од 1989 година.[20]
„Госпоѓа во посета на болното дете на својата слугинка“ (хрватски: Gospođa u posjeti kod bolesnog djeteta svoje sluškinje) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[21]
Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 238.