месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia
Хималија (старогрчки: Ἱμαλία) или Јупитер VI — најголема неправилна месечина на Јупитер и шеста негова месечина по големина, а по маса помала само од четирите Галилееви месечини. Откриена е од американскиот астроном Чарлс Дилон Перин во Ликовата опсерваторија на 3 декември 1904 г. и наречан по нимфата Хималија, која му родила три сина на Зевс (Јупитер). Ова е меѓу најголемите планетарни месечини во Сончевиот Систем чиј изглед не е познат во подробност.[1]
Himalia as seen by spacecraft „Касини“ | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Чарлс Дилон Перин |
Откриено | 3 декември 1904[1] |
Орбитални особености | |
Периапсида | 9.782.900 км |
Апоапсида | 13.082.000 км |
Главна орбита полупречник | 11.460.000 км[2] |
Занесеност | 0,16[2] |
250,56 д (0,704 г)[2] | |
Просечна орбитална брзина | 3,312 км/с |
Наклон |
|
Месечина на | Јупитер |
Физички особености | |
Среден полупречник | 75±10 × 60±10 км (проц. на „Касини“)[3] 85 ± ?? км[4] (проц. од тлото)[3] |
~90.800 км2 | |
Зафатнина | ~2.570.000 км3 |
Маса | 6,7×1018 кг[4] 4,19×1018 кг[5] |
Средна густина | 2,6 г/см3 (претп.)[4] 1,63 г/см3 (претп. полупречник од 85 км)[5][6] |
~0,062 м/с2 (0,006 г) | |
~0,100 км/с | |
Ѕвезден вртежен период | 7,782 ч[7] |
Албедо | 0,04[3][4] |
Температура | ~124 K |
14,6[4] | |
Од 1955 до 1975 г. месечината го носела името Хестија, наречена по старогрчката божица.[8]
На растојание од 11,5 милиони километри од Јупитер, Хималија прави круг околу планетата за 251 (Земјин) ден.[9] Претставува најголема во групата месечини наречена по неа кои кружат околу Јупитер на растојание од 11,4 до 13 милиони километри при наклон од 27,5°.[10] Орбиталните елементи постојано се менуваат поради растројувањата на Сонцето и планетите; тука наведените податоци важат за јануари 2000 г.[2]
Вртежниот период на Хималија изнесува 7 ч 46 м 55±2 с.[7] Како и другите месечини од групата, има неутрален (сив) изглед, со бојни показатели B−V=0,62, V−R=0,4, слично на астероид од типот C.[11] Испитувањата на „Касини“ потврдуваат дека има безличен спектар, со мало впивање при 3 μм, што може да се должи на присуството на вода.[12]
Во 2005 г. рускиот астрофизичар Николај Емелјанов ја проценил масата на Хималија на 4,19×1018 кг (GM=0,28), водејќи се по растројувањето на Елара од 15 јули 1949 г.[5] Порталот „Динамика на Сончевиот Систем“ на Лабораторијата за реактивен погон од САД наведува маса од 6,7×1018 кг (GM=0,45) и пречник од 85 км.[4]
Густината на месечината би зависела од тоа дали истата има просечен пречник од 67 км (геометриска средина од „Касини“)[5] или 85 км.[4]
Во ноември 2000 г. на пат кон Сатурн леталото „Касини“ направило низа слики од Хималија на оддалеченост од 4,4 милиони километри. Иако зафаќа само неколку пиксели од снимката, јасно е дека се работи за издолжено тело со оски во должина од 150±20 и 120±20 км, приближно на проценките направени од Земјата.[3]
Во февруари и март 2007 г. на пат кон Плитон леталото „Нови хоризонти“ исто така направило слики, но на растојание од 8 милиони километри.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.