Хајделберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хајделберг (германски: Heidelberg) — град во југозападниот дел на Германија. Петтиот најголем град во покраината Баден-Виртемберг по Штутгарт, Манхајм, Карлсруе и Фрајбург во Брајсгау, Хајделберг е дел од густо населената метрополитенска област Рајна-Некар. Во 2009, над 145.000 луѓе живееле во градот. Хајделберг се наоѓа на реката Некар во длабоката долина во Оденвалд.
Хајделберг | |
Хајделберг, со Хајделбершки замок на ридот и Стариот мост на реката Некар | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Баден-Виртемберг |
Адм. подрач. | Карлсруе |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 15 градски единици |
Градоначалник | Екарт Вирцнер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 109 км2 |
Надм. височина | 114 м |
Население | 156.267 (31 декември 2015)[1] |
- Густина | 1.434 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HD |
Пошт. бр. | 69115–69126 |
Повик. бр. | 06221 |
Портал | heidelberg.de |
Местоположба на градот Хајделберг во рамките на округот Урбан округ | |
Координати | 49°24′44″N 8°42′36″E |
Поранешната резиденција на Изборното кнежевство Пфалц во Хајделберг е седиште на Хајделбершкиот универзитет, добро познат надвор од границите на Германија. Хајделберг е популарна туристичко одредиште поради неговиот романескнен и живописен градски пејзаж, вклучувајќи го Хајделбершкиот замок и барокниот Стар Град. Американската војска имаат воена база во Хајделберг од 1951.
Хајделберг е во долината на Рајна, главно на левиот брег на долниот дел на реката Некар, и се граничи со планините Königsstuhl (568 м) и Gaisberg (375 м). Реката Некар тече во правец исток-запад. На десниот брег на реката, се издига планината Хајлигенберг (445 м). Реката Некар се влева во реката Рајна приближно 22 километри северозападно од Манхајм. Селата припоени во текот на 20-от век ја достигаат долината на Некар долж Bergstraße, пат кој се наоѓа долж ридовите Оденвалд.
Хајделберг е на европската патека за пешачење Е1 (Шведска-Умбрија).
Бидејќи Хајделберг е еден од најтоплите регионо во Германија, растенијата се нетични за средноевропската клима, вклучувајќи бадеми и смокви; исто така има и маслинки во Gaisbergstraße. Долж Philosophenweg (Патека на филозофите) на спротивната страна на Стариот град, лозарството беше обновена во 2000.[2]
Постои диво население на африканскиот папагал мал александар,[3] и дива популација на сибирски лебеди, кои може да се видат главно на островите во реката Некар близу Бергхајм, округ на Хајделберг.
Хајделберг е урбан округ во рамките на административниот округ Карлсруе. Руралниот округ Рајна-Некар-Крајс го опкружува и има седиште во градот, иако градот не е дел од округот. Хајделберг е дел од метрополитенската област Рајна-Некар, често нарекувана како Триаголник Рајна-Некар. Оваа област се состои од јужните делови на покраината Хесен, јужниот дел од покраината Рајнска област-Пфалц, урбаните окрузи Манхајм и Хајделберг и јужните општини на Рајна-Некар-Крајс. Триаголникот Рајна-Некар станал европска метрополитенска област во 2005.
Хајделберг се состои од 14 окрузи распоредени во 6 сектори на градот. Во средината, се Altstadt (Стариот град), Бергхајм и Вестштат („Weststadt“); на север, Нојенхајм и Хандшусхајм; на исток, Цигелхаузен и Шлирбах; на југ, Зидштат, Рорбах, Емертсгрунд и Боксберг; на југозапад, Кирххајм; на запад, Пфафенгрунд и Виблинген. Новиот градски округ, именуван привремено како Bahnstadt (Банштат), е планиран на дел од Вестштат и Виблинген. Новиот округ ќе има околу 5.000-6.000 жители и вработување за 7.000.
Следниве градови и општини се граничат со градот Хајделберг, почнувајќи на запад и одејќи во насоката на стрелките на часовникот: Единген-Некархаузен, Досенхајм, Шрисхајм, Вилхелмсфелд, Шенау, Некаргеминд, Баментал, Гајберг, Лајмен, Зандхаузен, Офтерсхајм, Планкштат, Епелхајм (сите дел од Рајна-Некар-Крајс) и Манхајм.
Хајделберг има океанска клима, дефинирана од заштитената долина помеѓу Pfälzerwald и Odenwald. Годишно, благите темпереатури се утврдени со воздушни маси, кои доаѓаат од запад. Во споредба со соседната низина Горна Рајна, местоположбата на Хајделберг во долината доведува до почести источни ветрови. Падините на Оденвалд не дозволуваат облачно време и дождови. Најтоплиот месец е јули, најладниот е јануари. Не е реткост, температурите да се искачуваат над 30 °C во средина на летото. Според германскиот метеоролошки завод, Хајделберг бил најтоплото место во Германија во 2009.[4][5][6]
Климатски податоци за {{{location}}} | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
[се бара извор] |
Хајделберг одржува партнерски врски („Städtepartnerschaft“) со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.