From Wikipedia, the free encyclopedia
Хаплогрупата R2a, или хаплогрупата R-M124 — хаплогрупа со Y-хромозом која се карактеризира со генетски маркери M124, P249, P267, L266 и главно се наоѓа во Јужна Азија, како и во Средна Азија, Кавказ, Југозападна Азија и арапските земји, со пониски честоти.
Хаплогрупа R2a | |
---|---|
Можно време на потекло | 14,700 [95% CI 13,200 <-> 16,100] години пред сегашноста [1] |
Возраст на спојување | 11,900 [95% CI 10,500 <-> 13,400] години пред сегашноста [1] |
Можно место на потекло | Јужна Азија |
Предок | R-M479 |
Потомци | R-M124*, R-L295, R-L263, R-L1069 |
Својствени мутации | M124, P249, P267, L266 [2][3] |
Хаплогрупата R2a е позната и како хаплогрупа R-M124. Првиот навод за новодефинираната хаплогрупа, „R-M124“, бил направен на 25 август 2010 година [4]
Пред објавувањето на филогенетското стебло на Y-хромозомот во 2005 година, хаплогрупата R-M124 била позната како хаплогрупа P1 и порано се сметало дека е сестринска група на хаплогрупата R наместо да потекнува од неа.[5]
Хаплогрупата R2 најчесто е забележана во Азија, особено на Индискиот Потконтинент и Средна Азија.[5] Таа е исто така пријавена на забележителни честоти во Кавказ.
Според Сингупта и неговите соработници (2006) ,
несигурноста ги неутрализира претходните заклучоци дека упадот на HGs R1a1 и R2 [Сега R-M124] од северозапад во јужните племиња што зборуваат дравидски се припишува на еден неодамнешен настан. Наместо тоа, овие HG содржат значителна демографска сложеност, како што се подразбира од нивната висока хаплотипска разновидност. Поточно, тие всушност можеле да пристигнат во јужна Индија од југозападен азиски извор повеќе пати, со некои епизоди значително порано од другите.
Хаплогрупа R-M124 |
| ||||||||||||
Парагрупа е термин кој се користи во популационата генетика за да ги опише линиите во хаплогрупата кои не се дефинирани со никакви дополнителни уникатни маркери. Тие обично се претставени со ѕвездичка (*) поставена по главната хаплогрупа.
Y-хромозомите кои се позитивни на M124, P249, P267 и L266 SNP и негативни на L295, L263 и L1069 SNP, се категоризираат како што припаѓаат на парагрупата R-M124*. Досега е пронајдена во Ирак.
Хаплогрупата R-L295 е хаплогрупа со Y-хромозом што се карактеризира со генетски маркер L295. Досега била пронајдена во Јужна Азија, Анадолија, Арапскиот Полуостров, Европа и Средна Азија.
Хаплогрупата R-L263 е хаплогрупа со Y-хромозом што се карактеризира со генетски маркер L263. Досега била пронајдена во грчка Мала Азија и Ерменија.[6]
Хаплогрупата R-L1069 е хаплогрупа со Y-хромозом што се карактеризира со генетски маркер L1069. Досега била пронајдена во Кувајт .[6]
R-M124 најчесто е забележана во Азија, особено на Индискиот Потконтинент и во Средна Азија [5] Исто така била пронајдена на забележителни честоти во Кавказ.
Антички примероци на хаплогрупата R2a биле забележани во остатоци од луѓе од неолитот, халколитот и бронзеното доба во Иран и Туран; и железното време во Јужна Азија. R2a, исто така, била пронајдена од ископани остатоци во јужноазиските места Саиду Шариф и Буткара од подоцнежен период.[7]
Тибето-Бурмани | Австро-азиски | Дравидски | Индоевропски | |
---|---|---|---|---|
Племе | 5,75% | 10,94% | 5,00% | - |
Долна каста | - | - | 13,79% | 10,00% |
Средна каста | - | - | 3,53% | 18,75% |
Горна каста | - | - | 10,17% | 16,28% |
Хаплогрупата R-M124, заедно со хаплогрупите H, L, R1a1 и J2, го сочинуваат мнозинството од јужноазиското машко население. Честотата е околу 10-15% во Индија и Шри Ланка и 7-8% во Пакистан. Нејзиното ширење во Јужна Азија е многу обемно, почнувајќи од Балучистан на запад до Бенгал на исток; Хунза на север до Шри Ланка на југ.
Меѓу регионалните групи, се среќава помеѓу Западните Бенгалци (23%), Хиндусите од Њу Делхи (20%), Пенџабите (5%) и Гуџаратите (3%).[8] Меѓу племенските групи, Кармали од Западен Бенгал покажала највисока100% застапеност (16/16) [9] следена од Лодас (43%) [10] на исток, додека Бхилите од Гуџарат на запад биле со 18%,[11] Таруси од север 17% застапеност ,[12] Ченчу и Палан на југ биле на 20% и 14% соодветно.[9][13] Меѓу групите, високи проценти се прикажани од Џаунпурските Кшатри (87%), Кама Чаудари (73%), Бихарските Јадави (50%), Кандајат (46%) и Калар (44%).[9]
Исто така е значително висок кај многу брамински групи, вклучувајќи ги пенџапските брамани (25%), бенгалските брамини (22%), браманите од Конканаста (20%), чатурведите (32%), баргавите (32%), кашмирските пандити (14%) и лингајатските брамини (30%).[9][11][12][14]
Северноиндиските муслимани имаат честота од 19% (сунити) и 13% (шиити),[14] додека муслиманите Давуди Бохра во западната држава Гуџарат имаат честота од 16% и муслиманите Мапила од Јужна Индија имаат честота од 5%.[15]
Хаплогрупата R2 во северните региони на Пакистан се наоѓа меѓу луѓето Бурушо (14%), Паштуните (10%) и Хазарите (4%).[13][16]
Во јужните региони, го има кај Балуџите (12%), Брагуите (12%) и Синдите (5%).[13]
Хаплогрупата R2-M124 се јавува со значително повисока стапка во северните региони на Авганистан (11,4%).[17] Иако вистинскиот процент останува да се дебатира, познато е дека хаплогрупата е на покачени нивоа кај популацијата Памири (бројот се движи од 6-17% во зависност од групата). Едно иследување за Нуристанис покажува 20% честота на R2 (1/5), иако со мала големина на примерокот.[18]
Според истражувањето од 2003 година, 38% од Синхалците од Шри Ланка биле R2 позитивни.[8]
Кај казачките племиња, застапеноста варира од 1% до 12%, но се среќава со повисок процент од околу 25% кај племето Торе / потомок на Џингис Кан.
Во Средна Азија, Таџикистан ја покажува хаплогрупата R-M124 со 6%, додека другите држави варираат околу 2%. Бартангите од Таџикистан имаат висока застапеност на R-M124 од околу 17%, Ишкашими со 8%, Коџаните со 9% и Душанбите со 6%.
Поточно, Хаплогрупата R-M124 била пронајдена кај приближно 7,5% (4/53) од неодамнешните ирански емигранти кои живеат во Самарканд,[19] 7,1% (7/99) од Памирите,[19] 6,8% (3/44) од Каракалпаци,[19] 5,1% (4/78) од Таџиците,[19] 5% (2/40) од Дунганите во Киргистан,[19] 3,3 % (1/30) од Туркмените,[19] 2,2% (8 /366) од Узбеците,[19] и 1,9% (1/54) од Казаците.[19]
Генетскатското проучување од 2011 година открило дека R-M124 кај 6,7% од ханските Кинези од западен Хенан, 3,4% од ханските Кинези од Гансу и 2,1% до 4,2% од Ујгурите од Шјинџјианг.[20]
Во еден труд од 2014 година, R-M124 е откриен во 0,9% (1/110) од примероците на ханските Кинези од Кина. Примерокот припаѓал на поединец од провинцијата Ѓилин.[21]
Честотата на хаплогрупата R-M124 од 6,1% (6/114) била пронајдена кај севкупните Курди [22] додека во едно иследување кое било со 25 примероци на Курманџите Курди од Грузија, R-M124 е забележана на 44% (11/ 25) [23]
Во Кавказ висока честота била забележана кај Ерменците од Сасон со 17% (18/104) [23] додека кај Ерменците од Ван била забележана на %1. R2 е пронајдена кај Чеченците со 16%.[24] R-M124 е пронајдена во приближно 8% (2/24) од примерокот на Осети од Алагир.[25]
На Кавказ, околу 16% од планинските Евреи, 8% од Балкарците,[26] 6% од Калмиците,[27] 3% од Азерите,[24] 2,6% од Кумиците,[28] 2,4% од Аварите,[28] 2% од Ерменците,[24] и 1% до 6% од Грузијците [24][26][29] припаѓаат на хаплогрупата R-M124. Приближно 1% од Турците [30] и 1% до 3% од Иранците [31] исто така припаѓаат на оваа хаплогрупа.
Во Иран R-M124 следи слична распространетост како R1a1 со повисоки проценти во југоисточен Иран. Пронајдена е на честоти од 9,1% во Исфахан, 6,9% во Хормозган и 4,2% во Мазандар.[23]
Во проектите R2-M124-WTY и R-Arabia Y-DNA, хаплогрупата R-M124 се појавила во следните арапски земји: Кувајт (3 кластери), Обединети Арапски Емирати (1 кластер), Сириска Арапска Република (1 кластер), и Тунис (1 кластер).
Така, Хаплогрупата R-M124 била забележана помеѓу Арапите на ниски честоти во 11 земји/територии (Египет, Јордан, Кувајт, Либан, Палестина, Катар, Сирија, Тунис, Обединетите Арапски Емирати и Јемен) од 22 арапски земји /територии до сега. Во Кралството Саудиска Арабија досега било идентификувано едно семејство дека ја поседува хаплогрупата R2A (R-M124) од нејзиниот татковски геном или Y-хромозомот ажурирана на 5 јануари 2018 година.
Хаплогрупата R-M124 е подгрупа на хаплогрупата R-M479 (M479):
Хаплотипот може да се користи за предвидување на хаплогрупата. Шансите за која било личност дел од оваа хаплогрупа се најголеми ако DYS391 =10, DYS392 =10 и DYS426 =12.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.