Хаити (остров)
остров во Карибите From Wikipedia, the free encyclopedia
остров во Карибите From Wikipedia, the free encyclopedia
Островот Хаити,[3] познат и како Хиспаниола (шпански: La Española) — втор по големина остров на Карибите со површина од 76.480 km². Се наоѓа на исток-југоисток од Куба. Островот е поделен на две суверени држави: Хаити и Доминиканска Република.
La Española (шпански) Hispaniola (француски) Ispayola (јазик?) Ayiti (јазик?) | |
---|---|
Сателитска снимка, 2008 | |
Географија | |
Место | Карипско Море |
Координати | 19°N 71°W |
Архипелаг | Големи Антили |
Поголеми острови | Гонаве Саона |
Површина | 76.192 км2 |
Подреденост по површина | 22 |
Брегова линија | 3.059 км |
Највисоко место | 3.175 м[1] |
Највисока точка | Пико Дуарте |
Држава | |
Главен и најголем град | Санто Доминго (pop. 2,201,941) |
Опфатена површина | 48,445 км2 |
Главен и најголем град | Порт о Пренс (pop. 1,234,742) |
Опфатена површина | 27,747 км2 |
Демографија | |
Население | 22,278,000[2] (2020) |
Густина | 280,8 /km2 (7.273 /sq mi) |
Кога Кристофер Колумбо стигнал на островов во 1492 г., во својот дневник напишал: Пред очи ми е островот Ла Еспањола, најубавата земја што човечкото око некогаш ја видело.
Поголемиот, источен дел од островот ѝ припаѓа на Доминиканската Република, а на помалиот, западен дел е државата Хаити .
Домородците островот го нарекувале Квискеја (Quisqueya) или Хајти (Hayti - планинска земја), од каде што потекнува денешното име на „Хаити“. Името на почетокот се однесувало на целиот остров.Кристофер Колумбо островот го нарекол Шпански Остров (La Isla Española), а Англичаните го прилагодиле името на својот јазик, па денес се вика Хиспаниола.
Островот Хиспаниола во колонијалното време бил поделен на шпански источен дел наречен по истоимениот град Санто Доминго (шпански: Santo Domingo) и француски западен дел наречен Сен Доминг (фран: Saint Domingue). Од источниот дел се развила државата Доминиканска Република, а во западниот дел Хаити, кој своевремено бил поделен на северен Хаити и јужен дел именуван како Република Мулат.
Хаити, Јамајка, Куба и Порторико познати се заедно како Големи Антили. Се состојат од континентални карпи за разлика од Малите Антили кои се претежно од вулканско или корално потекло.
Долж островот се протегаат пет планински венци. Централните Кордиљери се протегаат од јужниот брег сè до северозападниот дел на островот, каде што го викаат Северен масив. Во оваа верига се наоѓа и највисокиот рид на Карибите со 3.175 m. Паралелно на овој планински венец, се простираат Септентрионските (Северни) Кордиљери, кои почнуваат долж северниот брег на островот и на исток, како полуостров Самана, завршуваат во Атлантикот.
Сиера де Неиба се издигнува на југозапад од Доминикана и се протега кон северозападот на Хаити каде што го менува името во Црни Планини (Фра: Montagnes Noires). Меѓу Северниот масив и Црните Планини се наоѓа централна низина.
Јужниот венец Сиера Баоруко и се протега кон запад, менувајќи го името во Масив де ла Селе и Масив де ла Хоте и го формира југозападниот полуостров на Хаити. Во тој венец е највисокиот врв на Хаити со 2 715 м. Паралелно на овој венец има долина на чиј западен крај се наоѓа главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Во долината има неколку солени езера, меѓу кои е и Сауматре Лагуната на Хаити, а во Доминиканската Република е езерото Енрикиљо кое е под нивото на морето и е најниската точка на Карибите.
Воопштено, климата на Островот Хаити е влажна и тропска. Но, на островот има четири различни поттипови на клима. Дождовните шуми покриваат околу 50% од островот, најчести се во северните и источните делови, и претежно во низините, а во некои делови и до надморска височина од 2.000 m. Подрачјата со „суви“ шуми покриваат 20% од површината, најчесто по ридовите на јужната и западната страна, кои со ридови се заштитени од дождовите што доаѓаат најчесто од Атлантикот, како и во долината Цибао во средиштето на северниот дел на островот. Во ридските делови, на надморска височина над 850m, се наоѓаат хиспаниолските борови шуми така што областа повеќе потсетува на Алпите отколку на Карибите. Мочуришното подрачје Енрикиљо се состои од поплавени ливади и савани кои опкружуваат многу езера, од кои истоименото е најпознато. Во ова езеро живеат единствените крокодили на островот.
До 1492, островот бил населен од Таино Индијанците - Аравакани кои островот го нарекувале Квискеја или Хајти. Нивниот број кога пристигнал Колумбо се проценува дека се движи од околу 400.000 до еден милион. Карибите кои не се домородно население дошле на островот во 14 век, по претходните миграции на Араваканите.
Араваканите потекнуваат од делтата на Ориноко во денешна Венецуела и тие од 7 век п.н.е. преку Малите Антили постепено ги населувале островите на Карипското Море. Како народ ги снемува од островот Хаити во шеснаесетиот век.
Во 1586, градот Санто Доминго на јужниот брег на Хиспаниола бил нападнат од англискиот пират Френсис Дрејк. Во средината на 17 век, западниот брег на островот бил засолниште за буканирите кои ограбувале шпански имоти и трговски бродови. Француските гувернери благонаклоно гледале на месните пирати бидејќи им се допаѓало слабеењето на шпанската моќ во тој дел од светот. Островот Тортуга во близина на северозападниот брег на Островот Хаити бил во тоа време најпознатото пиратско засолниште на Карибите.
Островот Хаити е најнаселен Карипски остров со население од скоро 22 милиони жители. (2019)
Бидејќи на островот има две земји со различно минато, ниту населението не е сосема исто. На Хаити доминира црното население, додека во Доминиканската Република доминира мешано население.
Населението во Доминиканската Република (10,35 милиони жители) зборува шпански јазик. Римокатолицизмот е доминантна религија.
Населението во Хаити (11,58 милиони жители) е франкофонско. Иако францускиот е официјален јазик, него го зборува образованото и богато малцинство, а речиси целото население зборува хаитско креолски јазик, еден од неколкуте креолски јазици кои потекнуваат од францускиот јазик. Римокатолицизмот е доминантна религија, практикувана од повеќе од 50% од населението, иако во некои случаи во комбинација со Хаитското вуду верување. Останатиот дел од 25% припаѓаат на протестантската црква.[4] Хаити стана првата црна република[5] во светот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.