From Wikipedia, the free encyclopedia
Ориноко (шпански: Río Orinoco) — една од најголгите реки во Јужна Америка, со должина од 2.140 км. Сливот зафаќа површина од 880.000 км2, од кои 76,3% се во Венецуела а остатокот во Колумбија. Реката Ориноко и нејзините притоки образуваат значаен сообраќаен систем во источниот и внатрешниот дел на Венецуела и рамничарските делови во Колумбија.
Ориноко | |
Río Orinoco | |
Река | |
Мост на Ориноко во Боливар, Венцуела | |
Земји | Венецуела, Колумбија |
---|---|
Округ | Јужна Америка |
Извор | |
- место | рид Делгадо-Чалбo, венец Парима, Венецуела & Бразил |
- височина | 1.047 м |
- координати | 02°19′05″N 63°21′42″W |
Утока | Делта Амакуро |
- местоположба | Атлантски Океан, Венецуела |
- височина | 0 м |
- координати | 8°37′N 62°15′W [1] |
Должина | 2.140 км |
Слив | 880.000 км2 |
Истек | |
- просечен | 33.000 м3/с |
Сливот на Ориноко
|
Устието на Ориноко прв го забележал Кристофер Колумбо, на своето трето патување во 1498 г, но изворот е истражен дури во 1951 г. Тој се наоѓа на венецуелско-бразилската граница, на надморска височина од 1.047 м (02°19′05″N 63°21′42″W).
Делтата и притоките на Ориноко во источните долини на Апуре и Мета се истражени во XVI век од германска експедиција под водство на Амброзиј Ехингер и неговите наследници. Во 1531 г. Диего де Ордаз испловил од устието до вливот на Мета, додека пак Антонио де Берио испловил до Касанаре, до Мета, а потоа по Ориноко се вратил во Коро.
Во 1800 г. сливот го го истражил познатиот природонаучник и географ, Александар фон Хумболт. Во патувањата ги забележал речните делфини, и пишувал бројни извештаи и трудови за флората и фауната на подрачјето.[2]
Течението на Ориноко има облик на широк елипсовиден лак околу Гвајанскиот Штит. Поделен е на четири потези со нееднаква должина:
Во устието, Ориноко образува широка делта што се разгранува на стотици реки и водотеци што течат низ мочурливо шумско подрачје од 41.000 км2. Во дождливата сезона, реката надоаѓа до ширина од 22 км и длабочина од 100 м.
Највеќето поважни реки во Венецуела се притоки на Ориноко. Од нив најголема е Карони, која се влева во Ориноко кај Пуерто Ордаз, недалеку од водопадите Љовизна. Интересен елемент на речниот систем на Ориноко е каналот Каскијара, кој почнува како ракав на Ориноко, па завршува во Рио Негро, притока на Амазон — така образувајќи „природен канал“ помеѓу Ориноко и Амазон.
Во Ориноко живеат водни животни како амазонскиот делфин и ориночкиот крокодил, еден од најретките влекачи во светот (250 единки). Its present-day range in the wild is restricted to the Orinoco River Basin. The Orinoco is home to карипската пирана (Pygocentrus cariba).
Реката е пловна по најголемиот дел од течението is navigable for most of its length, а багерското прокопување на коритото овозможува пристап за прекуокеанските бродови сè до градот Боливар на вливот на реката Карони, 435 км спротиводно. Речните пароброди носат стоки до Пуерто Ајакучо и Атурските Брзаци.
Во 1926 г. венецуелски инженер пронашол многу богато наоѓалиште на железна руда во сливот, јужно од Сан Феликс, на планината Ел Флореро. Целосната експлоатација на наоѓалиштето започнала по Втората светска војна, од група здружени венецуелско-американски претпријатија. Во почетокот на 1950-тите, од рудникот дневно се ископувале околу 10.000 тони рудоносна земја.[3]
Бреговите на реката се богати со нафтен песок во т.н. „нафтен појас“, кој е потенцијална суровина за добивање на нафта во иднина.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.