From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Фјорентина (италијански: ACF Fiorentina) честопати се нарекува само Фјорентина, е професионален италијански фудбалски клуб од градот Фиренца, Тоскана. Клубот е основан во 1926 година, но бил преименуван и основан одново во 2002 година (поради стечај). Фјорентина ги одиграла поголемиот дел од сезоните од своето постоење во највисокото ниво на италијанскиот фудбал, а само четири клубови имаат одиграно повеќе сезони во Серија А од нив.
Фјорентина | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Асоцијационе Калчо Фиренце Фјорентина СпА | |||
Прекар | Виола , Виолетовите | |||
Основан | 1926 (АК Фјорентина) 2002 (АКФ Фјорентина) | |||
Локација | Фиренца, Италија | |||
Стадион | Стадион Артемио Франки | |||
Капацитет | 47.290 | |||
Сопственик | Диего Дела Вале | |||
Претседател | Марио Коњињи | |||
Тренер | Стефано Пиоли | |||
Лига | Серија А | |||
2018–19 | Серија, 16-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Фјорентина имаат освоено два наслова во италијанското првенство, во сезоните 1955-1956 и 1968-1969, како и шест трофеи во Купот на Италија и еден во Суперкупот. Од натпреварувањата на европската сцена, Фјорентина го освоила Купот на победниците на куповите во сезоната 1960-1961 и загубила во финалето една година подоцна. Фјорентина играле во финалето на Европскиот куп на шампиони во сезоната 1956-57, каде загубиле од Реал Мадрид со 2-0, а исто така биле блиску и до освојувањето на Купот на УЕФА, завршувајќи како второпласирани во сезоната 1989-1990.
Од 1931 година, клубот игра на Стадион Артемио Франки, кој во моментов има капацитет од 47.282. Стадионот има користено неколку имиња во текот на годините и претрпел неколку реновирања. Фјорентина се нашироко познати по прекарот Виола, кој доаѓа од бојата на нивните домашни дресови кој се во виолетова боја.
|
|
Италија
Португалија
Аргентина
Бразил
Данска
Германија
Чешка
Јапонија
Романија
Црна Гора
Шведска
Бугарија
Белгија
Русија
Колумбија
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.