From Wikipedia, the free encyclopedia
Филип Костиќ (роден на 1 ноември 1992 во Крагуевац) — српски фудбалер, крило на Јувентус и на српската репрезентација.
Филип Костиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Филип Костиќ | ||
Роден на | 1 ноември 1992 | ||
Роден во | Крагуевац, Србија | ||
Држава | Србија | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Раднички Крагуевац | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2012 | Раднички Крагуевац | 61 | (5) |
2012-2014 | Гронинген | 43 | (11) |
2014-2016 | Штутгарт | 59 | (8) |
2016-2018 | Хамбургер | 61 | (9) |
2018-2022 | Ајнтрахт Франкфурт | 129 | (18) |
2022- | Јувентус | 55 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2010-2011 | Србија 19 | 4 | (1) |
2013-2014 | Србија 21 | 8 | (2) |
2015- | Србија | 60 | (3) |
* Ажурирано на: 21 јануари 2024 ** Ажурирано на: 21 јануари 2024 |
Како левак, тој ја започнал својата кариера како лево крило, но потоа бил преместен во улога на играч кој ја покрива целата лева страна во тимот за време на неговиот престој во Ајнтрахт Франкфурт.[1][2] Опремен со подвижност, бризна и физичка подготвеност, тој е играч кој подобро се снаоѓа во офанзивната отколку во дефанзивната фаза, каде е умешен пред се во давањето асистенции.[1][2] Со преку 50 асистенции во Бундеслигата, тој еден од најдобрите 30 играчи во овој статистички показател во историјата на лигата.
Роден во Крагуевац, својте први фудбалски чекори ги направил на шестгодишна возраст во фудбалската школа "Фитнес", а потоа преминал во најстариот клуб во градот Шумадија 1903 каде што ги поминал следните 3-4 години. Кога имал петнаест години, дошол во Раднички Крагуевац, клуб за кој дебитирал за првиот тим на 2 мај 2009 година против Будуќност Ваљево во третата лига на Србија. Во трите сезони во кои настапувал за првиот тим на Раднички, тој играл во три различни лиги освојувајќи две промоции со клубот кој стигнал од третата лига до Суперлигата на Србија.
Своето деби во Суперлигата на Србија го направил на 13 август 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Војводина, а својот прв гол го постигнал четеринаесет дена подоцна во победата со 4-2 на гостувањето кај Јавор Ивањица. Во сезоната 2011-2012, Костиќ одиграл 27 натпревари во првенството и постигнал 3 гола.
Во летото 2012 година, Костиќ го напуштил Раднички Крагуевац после 64 настапи и 5 гола за клубот. Неговиот трансфер во холандскиот Гронинген бил пропратен со еден од најголемите скандали во српскиот фудбал: холандскиот клуб објавил дека трансферот изнесувал 1,25 милиони евра, практично демантирајќи ги челниците на Раднички, кои преку соопштение истакнале дека 19-годишниот фудбалер си заминал од клубот за сума од 700.000 евра,[3] па српската полиција потоа ги привела потпретседателот, генералниот секретар и агентот на играчот под сомнение дека го оштетиле клубот за половина милион евра.[4] Своето деби за Гронинген го направил на 21 октомври 2012, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Херенфен.[5]
Откако добил мала минутажа, Костиќ конечно почнал да покажува ветувачки потенцијал на почетокот на сезоната 2013-2014; тој го привлекол вниманието на медиумите откако одиграл брилијантен натпревар во кој имал една асистенција против НЕК,[6] а потоа на 25 август тој ја зголемил својата репутација на одличен додавач со двете асистенции против Го Ахед Иглс.[7] Конечно, на 20 октомври 2013 година, Костиќ го постигнал својот прв гол за Гронинген во победата со 1–0 против ПСВ Ајндховен.[8] Вкупно за Гронинген, Костиќ одиграл 41 натпревари и постигнал 12 голови.
На 9 август 2014 година, Костиќ се преселил во Германија каде потпишал за екипата на Штутгарт.[9] Сумата на трансферот изнесувала 6 милиони евра плус 1 милион бонуси, а Гронинген освен овие средства добил право на 15% од следната продажба на играчот.[10] Дебитирал во Првата Бундеслига на 24 август, во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах, заменувајќи го Александру Максим во последните 10-тина минути од тој натпревар. Својот прв гол за швабите го постигнал на 13 декември 2014, во ремито 1-1 на гостувањето кај Мајнц 05. По испаѓањето на Штутгарт од Првата Бундеслига во сезоната 2015-2016, Костиќ го напуштил клубот после две сезони поминати во него во кои одиграл 63 натпревари и постигнал 8 голови.
Во летото 2016 година, Хамбургер го купил Костиќ за 14 милиони евра, со што тој станал најскапиот трансфер во историјата на клубот.[11] Во својата прва сезона, србинот бил еден од клучните играчи на клубот. Тој постигнал 4 гола во текот на сезоната и му помогнал на клубот да стигне до четвртфиналето во Купот на Германија, каде што биле елиминирани од Борусија Менхенгладбах, додека во првенството каде Хамбургер грчевито се борел за опстанок, целта била постигната во последниот натпревар со победата со 2-1 на домашен терен против Волфсбург, во која Костиќ го постигнал израмнувачкиот гол за 1-1.[12] Следната сезона, Костиќ продолжил да игра добро и повторно бил еден од најдобрите играчи на Хамбургер, но овој пат клубот испаднал од Првата Бундеслига.
Откако изразил желба да го напушти Хамбургер бидејќи не сакал да се натпреварува во Втората Бундеслига,[13] на 20 август 2018 година, Костиќ се преселил на двегодишна позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.[14][15] По добрата сезона со клубот (кому му помогнал да стигне до полуфиналето на Лига Европа со 4 гола), тој бил откупен на 17 мај 2019 година за 6 милиони евра.
Во сезоната 2020-2021, Костиќ бил втор најдобар асистент во Бундеслигата со 14 асистенции, 4 помалку од Томас Милер од Бајерн Минхен.[16]
На 14 април 2022 година, Костиќ постигнал два гола во победата на Ајнтрахт над Барселона со 3–2 на Камп Ноу, со што им помогнал на германците со вкупни 4–3 да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа.[17] На 18 мај истата година, тој го започнал финалето на Лига Европа против Ренџерс кое завршило нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата, по што се стигнало до изведување пенали, каде Костиќ бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа. Последователно, како резултат на неговите одлични игри тој бил прогласен за играч на сезоната во Лига Европа.[18]
На 12 август 2022 година, Костиќ потпишал четиригодишен договор со Јувентус.[19]
Костиќ играл за Србија во селекциите под 19 години и под 21 година.[20] Во баражот од квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2015, тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение против Шпанија со кој ја одвел својата земја на првенството кое се одиграло во Чешка.[21] Сепак, тој не настапил на тоа првенство, бидејќи добил повик во сениорската репрезентација
На 7 јуни 2015 година, Костиќ го направил своето деби за сениорска репрезентација на Србија против Азербејџан во пријателски натпревар во Санкт Пелтен, Австрија, во кој орлите победиле со 4–1.[22] Тој го одигра својот прв натпреварувачки натпревар за Србија на 13 јуни 2015, против Данска во квалификациите за Европското првенството 2016.[23] На 5 септември 2016 година, го постигнал својот прв гол за својата земја во ремито 2–2 против Ирска.
Во јуни 2018 година, тој бил избран во составот на српската репрезентација за Светското првенство 2018,[24] каде ги одиграл сите три натпревари од групната фаза по која неговата репрезентација била елиминирана.[25][26][27]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Србија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
7-6-2015 | Сант Пелтен | Србија | 4 – 1 | Азербејџан | Пријателска | - | 56' | |
13-6-2015 | Копенхаген | Данска | 2 – 0 | Србија | Квал. за Евро 2016 | - | 65' | |
4-9-2015 | Нови Сад | Србија | 2 – 0 | Ерменија | Квал. за Евро 2016 | - | 84' | |
7-9-2015 | Бордо | Франција | 2 – 1 | Србија | Пријателска | - | 56' | |
13-11-2015 | Острава | Чешка | 4 – 1 | Србија | Пријателска | - | 59' | |
23-3-2016 | Познањ | Полска | 1 – 0 | Србија | Пријателска | - | 78' | |
29-3-2016 | Талин | Естонија | 0 – 1 | Србија | Пријателска | - | 75' | |
25-5-2016 | Ужице | Србија | 2 – 1 | Кипар | Пријателска | - | 46' | |
5-6-2016 | Монако | Србија | 1 – 1 | Русија | Пријателска | - | 79' | |
5-9-2016 | Белград | Србија | 2 – 2 | Ирска | Квал. за СП 2018 | 1 | 81' | |
6-10-2016 | Кишињев | Молдавија | 0 – 3 | Србија | Квал. за СП 2018 | 1 | 69' | |
9-10-2016 | Белград | Србија | 3 – 2 | Австрија | Квал. за СП 2018 | - | 65' | |
12-11-2016 | Кардиф | Велс | 1 – 1 | Србија | Квал. за СП 2018 | - | 70' | |
24-3-2017 | Тбилиси | Грузија | 1 – 3 | Србија | Квал. за СП 2018 | - | 81' | |
11-6-2017 | Белград | Србија | 1 – 1 | Велс | Квал. за СП 2018 | - | 67' | |
2-9-2017 | Белград | Србија | 3 – 0 | Молдавија | Квал. за СП 2018 | - | ||
5-9-2017 | Даблин | Ирска | 0 – 1 | Србија | Квал. за СП 2018 | - | 72' | |
9-10-2017 | Белград | Србија | 1 – 0 | Грузија | Квал. за СП 2018 | - | 89' | |
10-11-2017 | Гуангжу | Кина | 0 – 2 | Србија | Пријателска | - | 60' | |
23-3-2018 | Торино | Србија | 1 – 2 | Мароко | Пријателска | - | ||
27-3-2018 | Лондон | Нигерија | 0 – 2 | Србија | Пријателска | - | 88' | |
4-6-2018 | Грац | Србија | 0 – 1 | Чиле | Пријателска | - | 64' | |
9-6-2018 | Грац | Србија | 5 – 1 | Боливија | Пријателска | - | ||
16-6-2018 | Самара | Костарика | 0 – 1 | Србија | СП 2018 - Прва фаза | - | 70' | |
22-6-2018 | Калининград | Србија | 1 – 2 | Швајцарија | СП 2018 - Прва фаза | - | 64' | |
27-6-2018 | Москва | Србија | 0 – 2 | Бразил | СП 2018 - Прва фаза | - | 82' | |
7-9-2018 | Вилниус | Литванија | 0 – 1 | Србија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 90' | |
10-9-2018 | Белград | Србија | 2 – 2 | Романија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 63' | |
7-6-2019 | Лавов | Украина | 5 – 0 | Србија | Квал. за Евро 2020 | - | ||
10-6-2019 | Белград | Србија | 4 – 1 | Литванија | Квал. за Евро 2020 | - | 71' | |
7-9-2019 | Белград | Србија | 2 – 4 | Португалија | Квал. за Евро 2020 | - | 83' | |
14-10-2019 | Вилниус | Литванија | 1 – 2 | Србија | Квал. за Евро 2020 | - | 46' | |
3-9-2020 | Москва | Русија | 3 – 1 | Србија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | ||
6-9-2020 | Белград | Србија | 0 – 0 | Турција | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 62' | |
12-11-2020 | Белград | Србија | 1 – 1 прод. (4 – 5 пен.) | Шкотска | Квал. за Евро 2020 | - | 59' | |
24-3-2021 | Белград | Србија | 3 – 2 | Ирска | Квал. за СП 2022 | - | 46' | |
27-3-2021 | Белград | Србија | 2 – 2 | Португалија | Квал. за СП 2022 | 1 | 72' | |
30-3-2021 | Баку | Азербејџан | 1 – 2 | Србија | Квал. за СП 2022 | - | 64' | |
4-9-2021 | Белград | Србија | 4 – 1 | Луксембург | Квал. за СП 2022 | - | ||
7-9-2021 | Даблин | Ирска | 1 – 1 | Србија | Квал. за СП 2022 | - | 87' | |
9-10-2021 | Луксембург | Луксембург | 0 – 1 | Србија | Квал. за СП 2022 | - | 70' | |
12-10-2021 | Белград | Србија | 3 – 1 | Азербејџан | Квал. за СП 2022 | - | 75' | |
14-11-2021 | Лисабон | Португалија | 1 – 2 | Србија | Квал. за СП 2022 | - | 89' | |
24-3-2022 | Будимпешта | Унгарија | 0 – 1 | Србија | Пријателска | - | 46' | |
29-3-2022 | Копенхаген | Данска | 3 – 0 | Србија | Пријателска | - | ||
2-6-2022 | Белград | Србија | 0 – 1 | Норвешка | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 69' | |
9-6-2022 | Солна | Шведска | 0 – 1 | Србија | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 63' | |
12-6-2022 | Љубљана | Словенија | 2 – 2 | Србија | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 56' | |
Вкупно | Настапи | 48 | Голови | 3 |
Статистиката е ажурирана на 11 август 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2009-2010 | Раднички Крагуевац | СЛЗ | 5 | 0 | КС | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 |
2010-2011 | ПЛ | 30 | 2 | КС | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 2 | |
2011-2012 | СЛ | 27 | 3 | КС | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 3 | |
Вкупно Раднички Крагуевац | 62 | 5 | 2 | 0 | - | - | - | - | 64 | 5 | |||||
2012-2013 | Гронинген | ЕД | 5+2[28] | 0 | КХ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 7 | 0 |
2013-2014 | ЕД | 34+4[28] | 9+2[28] | КХ | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 41 | 12 | |
јул.-авг. 2014 | ЕД | 0 | 0 | CO | 0 | 0 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно Гронинген | 39+6 | 9+2 | 3 | 1 | 2 | 0 | - | - | 50 | 12 | |||||
2014-2015 | Штутгарт | 1Б | 29 | 3 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 3 |
2015-2016 | 1Б | 30 | 5 | КГ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 5 | |
Вкупно Штутгарт | 59 | 8 | 4 | 0 | - | - | - | - | 63 | 8 | |||||
2016-2017 | Хамбургер | 1Б | 31 | 4 | КГ | 4 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 4 |
2017-2018 | 1Б | 30 | 5 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 5 | |
Вкупно Хамбургер | 61 | 9 | 4 | 0 | - | - | - | - | 65 | 9 | |||||
2018-2019 | Ајнтрахт Франкфурт | 1Б | 34 | 6 | КГ | 0 | 0 | ЛЕ | 12 | 4 | - | - | - | 46 | 10 |
2019-2020 | 1Б | 33 | 4 | КГ | 3 | 3 | ЛЕ | 15[29] | 5[30] | - | - | - | 51 | 12 | |
2020-2021 | 1Б | 30 | 4 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 4 | |
2021-2022 | 1Б | 31 | 4 | КГ | 0 | 0 | ЛЕ | 12 | 3 | - | - | - | 43 | 7 | |
јул.-авг. 2022 | 1Б | 1 | 0 | КГ | 1 | 0 | ЛШ | - | - | СУ | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно Ајнтрахт Франкфурт | 129 | 18 | 4 | 3 | 39 | 12 | - | - | 172 | 33 | |||||
авг. 2022-2023 | Јувентус | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - |
Вкупно во кариерата | 351 | 51 | 17 | 4 | 41 | 12 | - | - | 409 | 67 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.