Февруарска револуција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Февруарската револуција во Русија, уште попозната како Февруарска буржоаско-демократска револуција во Русија е револуција што се случила во Руската Империја во периодот од 8 март до 12 март 1917 година, по нов календар, односно од 23 февруари до 27 февруари 1917 година, по стар календар, во престолнината на империјата, Петроград, денешен Санкт Петербург.[1]
Февруарска револуција | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Руска револуција | ||||||||
|
||||||||
Завојувани страни | ||||||||
Руско Царство | Несоветски револуционери | Совети | ||||||
Команданти и водачи | ||||||||
Николај II од Русија | Александар Каренски | Владимир Ленин, и другите советски водачи |
Со Февруарската револуција во Русија бил ставен крај на повеќе од 200 години старата Руска Империја предводена од царската династија Романови и била прогласена Привремена руска влада во која власта им припаднала на демократите предводени од страна на Александар Керенски, но која донекаде соработувала со Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.
Царот Николај II во летото 1915 година ја презел врховната команда над руските сили во војната, а државните работи ги препуштил на својата сопруга Александра, која била под големо влијание на Распутин. Самиот парламент бил формиран од страна на либералите. Поради несогласувањата, парламентот бил распуштен во 1916 година. По формирањето на новиот парламент, царот не направил реформи кои биле барани од страна на либералите, по кое царот јавно бил осуден за велепредавство.
Февруарската револуција се јавила како последица на неуспесите на руското управување во текот на Првата светска војна, како и незадоволството од начинот на управување на царот Николај II (недостаток на силно водство). Сите политички партии (без Социјалдемократската, вклучувајќи ги болшевиците и меншевиките) го поддржале учеството во Првата светска војна на страната на Велика Британија и Франција.