12 март
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
12 март — 71-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (72-и во престапна година). Остануваат 294 денови до крајот на годината.
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | |||||
03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
Настани:
1365 | Отворен е Виенскиот универзитет — една од најстарите установи од овој вид во светот. |
1874 | Свечено отворена Кешанли џамијата во Охрид, денес прогласена за културно наследство на Македонија. |
1912 | Американскиот капетан Алберт Бери го извел првиот скок со падобран од авион. |
1935 | Персија го доби новото официјално име на земјата — Иран. |
2003 | Во Белград е извршен атентат врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. |
Родени:
1685 | Џорџ Беркли — ирски филозоф. |
1824 | Густав Кирхоф — германски физичар. |
1863 | Габриеле Данунцио — италијански поет. |
1881 | Мустафа Кемал Ататурк — прв турски претседател. |
1889 | Васлав Нижински — руски балетан и кореограф. |
1898 | Рибејро Коуто — бразилски писател и дипломат. |
1913 | Петар Богданов - Кочко — македонски композитор и оперски пејач (тенор). |
1922 | Џек Керуак — американски писател. |
1923 | Владек Шејбал — полски глумец († 1992). |
1927 | Гајо Петровиќ — хрватски марксистички филозоф. |
1941 | Јосип Скоблар — хрватски и југословенски фудбалер. |
1946 | Лајза Минели — американска глумица и пејачка. |
1948 | Џејмс Тејлор — американски поп-музичар. |
1950 | Хавиер Клементе — шпански фудбалер и тренер. |
1957 | Патрик Батистон — француски фудбалер. |
1962 | Андреас Кепке — германски фудбалски голман. |
1962 | Зоран Чутура — хрватски и југословенски кошаркар. |
1971 | Драгутин Топиќ — српски и југословенски атлетичар. |
1987 | Максвел Холт — американски одбојкар. |
1989 | Нејтан Хас — австралиски велосипедист. |
1990 | Илија Несторовски — македонски фудбалер. |
1990 | Никита Алексеев — руски одбојкар. |
1997 | Дин Хендерсон — англиски фудбалски голман. |
Починале:
1925 | Сун Јат Сен — кинески револуционер и политичар. |
1935 | Михајло Пупин — српско-американски физичар со потекло од Вевчани. |
1955 | Чарли Паркер — американски џез-музичар. |
1995 | Мија Алексиќ — југословенски и српски глумец. |
2000 | Александар Николиќ — српски и југословенски кошаркарски тренер. |
2003 | Зоран Ѓинѓиќ — српски премиер. |
2017 | Вања Лазарова — македонска пејачка на народна музика. |