година From Wikipedia, the free encyclopedia
1863 (MDCCCLXIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1863 година од новата ера, 863. од вториот милениум, 63. од XIX век и четвртта од 1860-тите.
Грегоријански календар | 1863 MDCCCLXIII |
Ab urbe condita | 2616 |
Ерменски календар | 1312 ԹՎ ՌՅԺԲ |
Асирски календар | 6613 |
Бахајски календар | 19–20 |
Балиски календар | 1784–1785 |
Бенгалски календар | 1270 |
Берберски календар | 2813 |
Будистички календар | 2407 |
Бурмански календар | 1225 |
Византиски календар | 7371–7372 |
Кинески календар | 壬戌年 (вод. куче) 4559 или 4499 — до — 癸亥年 (вод. свиња) 4560 или 4500 |
Коптски календар | 1579–1580 |
Етиопски календар | 1855–1856 |
Еврејски календар | 5623–5624 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1919–1920 |
- Сачка ера | 1784–1785 |
- Кали-југа | 4963–4964 |
Холоценски календар | 11863 |
Игбоански календар | 863–864 |
Ирански календар | 1241–1242 |
Исламски календар | 1279–1280 |
Јапонски календар | Бункју 3 (文久3年) |
Јавански календар | 1791–1792 |
Јулијански календар | грегоријанската без 12 дена |
Корејски календар | 4196 |
Мингуо-календар | 49 пред Р. Кина 民前49年 |
Нанакшахи | 395 |
Тајландски сончев календар | 2405–2406 |
Тибетски календар | 阳水狗年 (машка вода-куче) 1989 или 1608 или 836 — до — 阴水猪年 (женска вода-свиња) 1990 или 1609 или 837 |
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7371 и 7372 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6613 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5623 и 5624 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2616.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1863 година се протега во 4499 и 4500, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4559 и 4560 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2406. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1279 и 1280 исламска година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.