From Wikipedia, the free encyclopedia
Санкт Петербург (руски: Санкт-Петербург) — еден од најголемите градови во Русија основан од страна на царот Петар Велики во 1703 година. Изграден е на мочурливо земјиште, а за време на неговата изградба загинале илјадници луѓе. Овој град е создаден за да ја отвори Русија за Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва како центар на политичкиот живот во Русија.
Санкт Петербург | |||
---|---|---|---|
Федерален град | |||
Санкт-Петербург | |||
Држава | Русија | ||
Федерален округ | Северозападен[1] | ||
Економски регион | Северозападен[2] | ||
Управа | |||
• Орган | Законодавно собрание | ||
• Гувернер | Георги Полтавченко | ||
Површина[3] | |||
• Вкупно | 1.439 км2 (556 ми2) | ||
Ранг | 82-ри | ||
Население (2010 Census)[4] | |||
• Вкупно | 4.848.700 | ||
• проц. од (2018)[5] | 5.351.935 (+10,4%) | ||
• Ранг | 4th | ||
• Густина | 3,400/км2 (8,700/ми2) | ||
• Градскo | 100% | ||
• Селска | 0% | ||
Час. појас | московско време [6] (UTC+3) | ||
ISO 3166 | RU-SPE | ||
Рег. таб. | 78, 98, 178 | ||
Службени јазици | руски[7] |
Низ неговата историја, градот го сменил своето име трипати. За време на Првата светска војна, неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин - Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер).
Петар Велики првично го нарекол градот Санкт Петербург. По почетокот на Првата светска војна, градот бил преименуван во Петроград. На 26 јануари 1924 бил преименуван во Ленинград. На 6 септември 1991 повторно било вратено првобитното име.
Кон крајот на 17 век, Петар Велики, кој бил заинтересиран за поморските работи, сакал Русија да добие пристаниште со цел да тргува со остатокот од Европа.[8] Тој имал потреба од подобро пристаниште од она кое било главно во земјата во тоа време, Архангелск, кое се наоѓа на Белото Море на крајниот север и било затворено во текот на зимата.
Според бројот на жители Санкт Петербург е втор најголем град во Русија. Според пописот од 2010 година, во градот живееле 4.879.566 жители.[4] Етничкиот состав на населението е: Руси 92.5%, Украинци 1.5%, Белоруси 0.9%, Татари 0.7%, Ерменци 0.5%, Евреи 0.5%, Узбеци 0.4%, Таџици 0.3%, Азери 0.3%, Грузијци 0.2%, Молдавци 0.2%, Финци 0.06%.
Санкт Петербург е поделен на 18 реони: | ||
|
| |
Санкт Петербург се јавува како тема и инспирација на бројни дела во уметноста и во популарната култура, како:
Во својот роман, „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски го опишува Санкт Петербург на следниов начин: „Ова е град на полулудите. Кога ние би имале наука, тогаш медицинарите, правниците и филозофите би можеле да извршат над Петроград многу драгоцени истражувања, секој во својата струка. Ретко каде ќе се најдат толку мрачни, остри и чудни влијанија врз душата човечка како во Петроград. Колку само значат климатските влијанија! Меѓутоа, тоа е административен центар на Русија и неговиот карактер мора да се одрази на сè.“[18]
„Санкт Петербург“ на Ризницата ? |
Оваа статија место во Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.