дел од Русија во Северниот Поларник From Wikipedia, the free encyclopedia
Краен Север (руски: Крайний Север) — голем дел од Русија кој се протега претежно северно од Северниот Поларник и изобилува со минерални и природни ресурси. Зафаќа површина од 5.500.000 км2 или една третина од државата.[1] Формално, во Крајниот Север наполно влегуваат Чукотскиот автономен округ, Камчатскиот крај, Магаданската област, Мурманската област и Јакутија, како и извесни делови од Архангелската област, Иркутската област, Хабаровскиот крај, Република Коми, Краснојарски крај, Република Карелија, Сахалинската област, Република Тува, Тјумењската област, сите острови во Северноледениот Океан и неговите мориња, како и островите во Беринговото и Охотското Море.
Поради суровите услови во овие краишта, оние кои работат на Крајниот Север по закон добиваат повисока плата од работниците на други места.[2] Како последица од климата, домородните народи во овие краишта имаат генетски одлики кои им овозможуваат подобро да се справат со условите, што е одразено и во нивната култура.[3]
Според пописот од 2021 г. најголеми градови на Крајниот Север се Архангелск (нас. 301.199), Јакутск (нас. 355.443), Мурманск (нас. 270.384), Северодвинск (нас. 157.213), Нориљск (нас. 182.701), Петропавловск Камчатски (нас. 164.900), Нови Уренгој (нас. 107.251), Нојабрск (нас. 100.188) и Магадан (нас. 90.757). Поголемиот и појужен град Сургут (нас. 396.443) е најголем меѓу градовите во териториите кои се поистоветуваат со Крајниот Север.
Крајниот Север е познат по крајната суровост на неговата клима. Лицата што работат во овој регион (освен домородците кои живеат традиционален живот и заробениците во советските гулазите) по закон добиваат повисока плата и други поволности. Овие т.н. „северни додатоци“ (северные надбавки) вклучуваат подолги годишни одмори, поголеми инвалидски надоместоци, порано пензионирање и станбени поволности, сето како надомест за тешките работни усллови. Оваа уредба е воведена во советско време и продолжува до денес.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.