Финци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Терминот Финци (на фински: suomalaiset , на шведски: finnar (етнички Финци), finländare (граѓани на Финска)) може да се однесува на граѓани (без разлика на националност) кои се по потекло од Финска, меѓутоа најчесто се мисли на етничката група чија матична држава е Финска.[1][2]

Финците се етничка група кои ја населуваат нивната матична држава Финска сместена во северниот дел на Европа. Тие зборуват угрофински јазик наречен фински јазик. Финскиот јазик е близок со другите угрофински јазици естонскиот и карелскиот, додека пак шведскиот јазик којшто е зборуван од Финските Швеѓани е неповрзан со финскиот и е член на индоевропското семејство на јазици. За Финците се смета дека се хомогена етничка група со специфична генетика која е поврзана со другите европски етникуми.[3][4] Во минатото најголем дел од Финците биле припадници на Католичката црква, додена денеска најголем дел се протестанти и православни.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.