From Wikipedia, the free encyclopedia
Фауна (од лат. fauna) е збирен поим за сите животни во едно подрачје или во некој геолошки период.[1] Еквивалентниот поим кај растенијата е флора. Флората, фауната и другите облици на живот како габите заедно се нарекуваат биота.
Во трудовите на зоолозите и палеонтолозите, поимот „фауна“ се однесува на збир од типичниот животински свет во некој временски период или на некое место (на пр. „фауна на Сонора“ или "фауна на камбриумот“. Може да се однесува и на подмножество од фауната во подрачје, како: „... Поречието се одликува со богата цицачка фауна...“.
Зборот „фауна“ е изведен од римската божица Фауна,[1] надлежна за земјата и плодноста и сродните шумски духови наречени фауни. Под истиот поим може да се подразбира и пишано дело (книга, попис) на животни. Поимот прв го употребил шведскиот биолог Карл Линеј во насловот на неговото дело „Фауна на Шведска“ (Fauna Suecica, 1745).[2]
Епифауната опфаќа водни животни што живее на површина на најдолниот слој на водата (наспроти во самата тиња).
Инфауната е сочинета од бенталски организми што живеат во самото дно на некоја водна површина, особено во тињата и талозите. Членовите на оваа група стануваат сè помали и пооскудни на поголеми длабочини, додека пак бактериите се подоследни.
Криофауната се состои од животните што живеат во или веднаш до мраз.
Криптофауна се животните што се среќаваат мошне ретко и се сметаат за изумрени или митолошки (на пр. чудовиштето од Лох Нес).
Макрофауната подразбира бенталски или почвени организми што не би се протнале низ сито од 0,5 мм. Во морските длабочина, за макрофауна се сметаат организмите што не поминуваат низ сито од 0,3 мм.
Мегафауната се однесува на особено големи животни на извесно подрачје или временски период, како на пр. австралиската мегафауна.
Мезофауната подразбира макроскопски почвени без‘рбетници како што се членконогите и цевчестите црви. Членовите ма мезофауната се крајно разновидни; само земјените болви (Collembola) имаат 6.500 видови.[3]
Мејофауната ја сочинуваат мали бенталски безрбетници што живеат во морски и слатководни живеалишта (најчесто песоци). Овие организми се поголеми од микрофауната, но помали од макрофауната, поточно оние што можат да поминат низ сито од 0,5 – 1 мм, но би се задржале на сито од 30 – 45 μм.[4]
Микрофауната опфаќа микроскопски животни, како што се праживотните и ротиферите.
Други видови на фауна се авифауна (со значење „птичја фауна“) и ихтиофауна (што значи „рибја фауна“).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.