Тур Даун Андер 2019
21. издание на велосипедската трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур Даун Андер 2019 — 21. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер, која се одржала помеѓу 15 и 20 јануари како прв настан во сезоната на Светската турнеја.[2][3]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 21. Тур Даун Андер | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2019 2.UWT | ||
Етапи | 6 | ||
Датуми | 15 – 20 јануари | ||
Растојание | 857,8 км | ||
Држава | ![]() | ||
Поаѓалиште | Аделаида | ||
Одредиште | Вилунга Хил | ||
Екипи | 19 | ||
Возачи на почеток | 133 | ||
Возачи на крај | 129 | ||
Просечна брзина | 41,82 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() ![]() | ||
Второпласиран | ![]() ![]() | ||
Третопласиран | ![]() ![]() | ||
Бодовен | ![]() ![]() | ||
Планински | ![]() ![]() | ||
Младински | ![]() ![]() | ||
Екипен | ![]() ![]() | ||
◀2018 | 2020▶ | ||
Документација ![]() |
По првпат во историјата на трката,[4] минатогодишен победник успеал да ја одбрани својата титула, како што успеал возачот на Мичелтон-Скот, Дарил Импи од Јужна Африка, кој ја освоил трката последниот ден. Импи доцнел зад Новозеланѓанецот Патрик Бевин (Ванти-Гобер) седум секунди на етапата, но Бевин изгубил скоро шест минути поради здобиените повреди од падот претходниот ден.[5] Иако Импи завршил трет на етапата зад Австралиецот Ричи Порт од Трек-Сегафредо – кој ја освоил етапата на Вилунга шеста година по ред[6] – и возачот на Тим Скај, Ваут Пулс од Холандија, Импи го освоил генералниот пласман и водечката маичка со тринаесет секунди од Порт,[7] додека Пулс доцнел уште четири секунди (поради бонус секунди на целта) за трето место.
И покрај тоа што не ја освоил трката, Бевин ја освоил сината маичка за спринтерскиот пласман.[8] Во другите пласмани на трката, возачот на УниСА-Австралија, Џејсон Леа го предводел планинскиот пласман од почетокот до крајот,[9] додека Крис Хамилтон, исто така од Австралија, ја освоил белата маичка во пласманот за млад возач за Тим Санвеб,[10] завршувајќи на шестото место на крајот, откако маичката го менувала предводникот секој ден на трката. Екипниот пласман го освоиле ОАЕ Тим Емирати, кои воделе во пласманот од почетокот, остварувајќи една етапна победа – победа на Јаспер Филипсен, кој го имал својот прв настап со екипата.[11]