![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/49/Three_Billboards_Outside_Ebbing%252C_Missouri.png/640px-Three_Billboards_Outside_Ebbing%252C_Missouri.png&w=640&q=50)
Три билборди пред Ебинг, Мисури
американски филм од 2017 година / From Wikipedia, the free encyclopedia
Три билборди пред Ебинг, Мисури (англиски: Three Billboards Outside Ebbing, Missouri) — британско-американски филм од 2017 година, напишан, продуциран и режиран од Мартин Мекдона. Главната улога во филмот ја толкува Франсес Мекдорманд, која игра улога на мајка која изнајмува три билборди за да привлече внимание за нерешеното убиство на нејзината ќерка. Во споредните улоги се појавуваат Вуди Харелсон, Сем Роквел, Аби Корниш, Џон Хокс и Питер Динклиџ.
„Три билборди пред Ебинг, Мисури“ | |
---|---|
![]() | |
Режисер | Мартин Мекдона |
Продуцент |
|
Сценарист | Мартин Мекдона |
Главни улоги |
|
Музика | Картер Бурвел |
Кинематографија | Бен Дејвис |
Монтажа | Џон Грегори |
Студио | |
Дистрибутер | Fox Searchlight Pictures |
Премиера | 4 септември 2017 (2017-09-04) (Венецијански фестивал) 10 ноември 2017 (2017-11-10) (САД) 12 јануари 2018 (2018-01-12) (Обединето Кралство) |
Времетраење | 115 минути[2] |
Земја | ![]() ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | 12 милиони долари[3] |
Бруто заработка | 131 милиони долари[4] |
Филмот премиерно бил прикажан на венецијанскиот филмски фестивал на 4 септември 2017 година; во САД бил премиерно прикажан на 10 ноември 2017 година, а во Обединетото Кралство на 12 јануари 2018 година од страна на Fox Searchlight Pictures. Во Македонија, филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал „Синедејс“, на 18 ноември 2017 година, а низ кино-салите започнал да се прикажува на 1 март 2018 година.[5] Филмот наишол на пофални критики за сценариото и режијата на Мекдона, како и за изведбите на Мекдорманд, Харелсон и Роквел, а остварил заработка од 131 милион долари во светски рамки.
Три билборди пред Ебинг, Мисури бил кандидиран за наградата „Оскар“ на 90. доделување на наградите Оскар, и тоа во седум категории, вклучително и најдобар филм и најдобро оригинално сценарио, а добил две награди, и тоа во категориите: најдобра глумица (за Мекдорманд) и најдобар спореден глумец (за Роквел). На 75. доделување на наградите „Златен глобус“, филмот победил во категориите најдобар филм – драма, најдобра глумица во драма (Мекдорманд), најдобар спореден глумец (Роквел) и најдобро сценарио. На 71. доделување на наградите БАФТА, филмот добил пет награди, вклучително и онаа за најдобар филм. Вкупно, филмот осовил 112 награди, а имал 200 номинации.[6]