Деведесетто доделување на наградите Оскар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Деведесеттото доделување на наградите Оскар или Оскари 2018 — презентирано од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), ги одликуваше најдобрите филмови од 2017 година и се одржа во театарот Долби во Холивуд, Калифорнија на 4 март 2018 година.[1] На свеченото доделување, АМПАС додели Оскари во 24 категории. Свечената церемонија, која во САД беше емитувана на каналот ABC, беше продуцирана од Мајкл Де Лука и Џенифер Тод и режирана од Глен Вајс.[2] Комичарот Џими Кимел беше водител на шоуто по втор последователен пат.[3]
90. доделување на Оскари | |
---|---|
Датум | 4 март 2018 |
Место | Театар Долби Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Водител | Џими Кимел |
Продуцент(и) | Мајкл Де Лука Џенифер Тод |
Режисер(и) | Глен Вајс |
Најистакнати | |
Најдобар филм | Обликот на водата |
Најмногу награди | Обликот на водата (4) |
Најмногу номинации | Обликот на водата (13) |
Телевизиска покриеност | |
ТВ Канал | ABC |
Времетраење | 3 часа и 50 минути |
91. доделување → |
Обликот на водата доби водечки четири награди, вклучително и за најдобар филм и најдобар режисер за Гуљелмо дел Торо. Динкерк доби три награди; филмовите Истребувач 2049, Коко и големата тајна, Најмрачниот час и Три билборди пред Ебинг, Мисури добија по две награди.