Тополчани
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Тополчани — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Тополчани | |
Поглед на селото | |
Координати 41°13′42″N 21°25′53″E | |
Регион | Прилеп |
Општина | Прилеп |
Население | 310 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7512 |
Шифра на КО | 20103 |
Надм. вис. | 600 м |
Слава | Спасовден |
Тополчани на општинската карта Атарот на Тополчани во рамките на општината | |
Тополчани на Ризницата |
До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Прилеп.
Според жителите, селото Тополчани најпрво се нарекувало Плочани бидејќи луѓето тука изработувале камени плочи кои ги продавале во Битола. Ова занимање постоело до 1912 година. Од старото име Плочани настанало официјалното денешно име Тополчани.[2]
Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот јужен дел на Прилепското Поле и во јужниот дел на територијата на Општина Прилеп, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Могила. Селото е рамничарско, на надморска височина од 600 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 17 километри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од автопатот А3.
Тополчани е познато село во Прилепското Поле. Се наоѓа лево од коритото на Црна Река, покрај автопатот А3 и регионалниот пат R1101. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Ерековци и Шелеверци на исток, Клепач на југ, Новоселани и Лознани на југозапад, Тројкрсти на северозапад и Загорани и Веселчани на север. Жителите со вода за пиење се снабдуваат од селска чешма и 2-3 бунари. Во околината на селото се наоѓаат изворите Крива Врба, Петочна и Неделска Вода. Изворите лете пресушуваат, поради што мештаните оделе до други бунари во полето.[2]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Старо Село, Царевиќ, Калдрма, Долни Јаз, Бели Камења, Мал Крст, Завој, Гајтанова Лака, Гајтаница, Долни Ливади, Стари Лозја и Барлејца.[2]
Тополчани е издолжено во насока северозапад-југоисток. Селото има збиен тип, поделено на четири маала. Низ селото води пат, кои ги дели Горно и Степаноско Маало на една, и Долно и Илиоско Маало на другата страна од патот.[2]
Подрачјето на Тополчани е населено барем од неолитот, за што сведочат остатоци на населба и јами на наоѓалиштето Чука.[4]
Првиот помен за Тополчани потекнува од првата половина на XVII век. Преданието говори дека некогаш во Старо Село, околу 400 метри источно од денешната местоположба се наоѓало старото село Тополчанни со 10 до 15 куќи. Подоцна, тоа село, при турските зулуми било целосно напуштено од своите жители. Денешното село било основано од староседелското население на тогашното село пред околу 150-180 години.[2]
Денес, на местото на селиштето може да се забележат остатоци од црковен храм, гробови и темели од куќи.[2]
Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 860 хектари, на пасиштата отпаѓаат 394 хектари, а на шумите само 16 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него има земјоделска задруга, продавници и услужни објекти.[3]
На почетокот на XX век, во селото Тополчани постоеле три чифлици, чии сопственици биле Риза-бег, Усеин-ага, а името на третиот сопственик е заборавено. Неговиот чифлик го купил некој христијанин од Прилеп. Овој чифлик се нарекувал Вукароски. По ослободувањето од турската власт, селаните си ја купиле земјата, додека еден дел ја добиле со аграрната реформа направена за време на Кралството Југославија.[2]
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 38 домаќинства со 172 жители христијани (Македонци) и 4 Роми.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тополчани живееле 360 жители, сите Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тополчани е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[7]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 440 Македонци, патријаршисти.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]
Селото во 1961 година броело 929 жители, додека во 1994 година населението се намалило на 505 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Тополчани живееле 449 жители, сите Македонци.[9] Од нив 243 биле мажи, а 206 жени.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 297 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 10 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360 | 440 | 745 | 785 | 929 | 857 | 757 | 565 | 505 | 449 | 310 |
Епска народна песна од Тополчани изрецитирана на месниот прилепско-битолски дијалект | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Тополчани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Кон крајот на XIX век, Тополчани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Тополчани.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Тополчани.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Тополчани, во која покрај селото Тополчани, се наоѓале и селата Веселчани, Загорани, Клепач, Тополчани и Тројкрсти. Селото било седиште на некогашната општина Тополчани во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Веселчани, Загорани, Тополчани, Тројкрсти и Чепигово.
Во селото постои избирачкото место бр. 1500 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на работнички универзитет.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 320 гласачи.[17]
Цркви
Слави[2]
Родени во или по потекло од Тополчани
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.