From Wikipedia, the free encyclopedia
Термополите (Старогрчки и Катаревуса грчки: Θερμοπύλαι , Демотика: Θερμοπύλες: „врели порти“) е место во Грција каде во античко време постоел тесен пат крај брегот. Името го добило поради врелите сулфурни извори.[1] „Врелите порти“ се место на „врели извори“, кои за старогрчката митологија биле влезови во Адот".[2]
Термопилите станале познати низ светот поради Битката која се случила на тоа место меѓу грчките (посебно Спартанците) и персиските сили. Ова е единственото место на копно каде може да се одвива сообраќај меѓу Локрида и Тесалија. Овој премин од север кон југ на источниот брег на Балканскиот Полуостров е неизбежен, па поради тоа, Термопили биле место на неколку битки.
Во античко време ова место се нарекувало „Малис“ според името на племето што живеело тука (старогрчки: [Μαλιεῖς] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)), денес тоа е градот Ламија кај делтата на реката Сперхеј во Грција. Малијакскиот Залив е наречен според нив, исто така.
На просторот доминира реката Сперхеј, и стрмните пошумени варовнички планини. Постојаните наноси од реката како и травертинските наноси од врелите извори довеле до промена на земјиштето во теот на последните неколку илјади години. Тлото на кое се водела познатата битка во 480 година п.н.е., денес е покриена со 20 метри земја. Брегот со текот на вековите се зголемил поради седиментните наноси. Нивото на заливот било значително повисоко, а реката Сперхеј била пократка. Најтесниот дел, каде што најверојатно се одвивала битката бил широк помалку од 100 метри.
Меѓу 480 г. п.н.е. и 21 век, брегот се проширил на места и до 9 километри.[3]
На главниот автопат од источната страна денес се наоѓа споменик посветен на кралот на Спарта Леонид I, наспроти ридот на кој е изгравиран епитафот на Симонид за паднатите воини.
Врелите извори според кои овој премин го носи името, сè уште постојат во подножјето на ридот.
Термопилите се главно познати по битката која се водела во 480 г. п.н.е., во која се бореле грчки и персиски војски.[4] Во текот на трите дена од битката, значително побројната персиска војска го освоила теснецот, според Херодот, по цена од 20.000 персиски жртви.
Во 353 - 352 г. п.н.е. за време на Третата света војна, кој главно се одвивала меѓу силите на Амфиктиоската лига на чело со Теба, и подоцна Филип II Македонски, и Фокида. Војната била водена поради големите казни наметнати врз Фокијците во 357 г. п.н.е. заради тоа што го обработувале светото земјиште. Фокијците одбиле да платат.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.