Теодор Адорно
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теодор В. Адорно (герм. Theodor W. Adorno, 11 септември 1903 - 6 август 1969) - познат социолог, филозоф и музиколог од германско потекло.
Кратки факти Теодор В. Адорно, Роден(а) ...
Теодор В. Адорно | |
---|---|
Адорно во 1964 | |
Роден(а) | 11 септември 1903(1903-09-11) Франкфурт, Прусија, Германија |
Починал(а) | 6 август 1969(1969-08-06) (возр. 65) Висп, Вале, Швајцарија |
Други имиња | Теодор Лудвиг Адорно Визенгрунд |
Период | Филозофија на XX век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | критичка теорија · марксизам |
Претежна дејност | општествена теорија · социологија · психоанализа · епистемологија · естетика · музикологија · масовни медиуми |
Влијаел врз
| |
Затвори
Теодор Адорно бил еден од најпрестижните континентални филозофи на дваесеттиот век. Тој бил под влијание на Хегел, Маркс и Ниче и бил поврзан со Институтот за социјални истражувања во Франкфуртската школа[1] за социјална теорија заедно со Макс Хоркхајмер, Валтер Бенјамин, Херберт Маркузе, Јирген Хабермас и други.
Иако пишувал за голем број теми, неговата основна загриженост била човечкото страдање - особено современите општествени ефекти врз човековата состојба. Адорно дал придонес за критичката теорија и меѓу другото бил познат и по неговата критика на "културната индустрија."