![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1b/Nietzsche187a.jpg/640px-Nietzsche187a.jpg&w=640&q=50)
Фридрих Ниче
германски мислител / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фридрих Вилхелм Ниче (германски: Friedrich Wilhelm Nietzsche; 15 октомври 1844 - 25 август 1900) — германски филозоф од XIX век и класичен филолог. Автор на низа текстови од областа на религијата, моралот, современата култура, филозофијата и науката, користејќи еден засебен стил и наклонетост кон метафора, иронија и афоризам. Влијанието на Ниче останува значително во и надвор од филозофијата, особено во егзистенцијализмот и постмодернизмот. Неговиот стил и радикалното преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкувања, главно во континенталната филозофска традиција. Меѓу неговите најпознати идеи се: смртта на Бог, перспективизмот, вечното враќање, аполониско-дијонизиската поделба итн.
Фридрих Ниче | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | 15 октомври 1844 Лицен, Германија |
Починал(а) | 25 август 1900 Вајмар, Германија |
Период | на XIX век |
Подрачје | Западноевропска филозофија |
Школа | егзистенцијализам, постмодернизам, pост-структурализам, нихилизам |
Претежна дејност | естетика, етика, онтологија, психологија, аксиологија |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Потпис | |
![]() |
Ниче ја започнува својата кариера како класичен филолог пред да се посвети на филозофијата. На возраст од 24 години, тој е назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми кои продолжуваат да го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ниче западнал во лудило и е препуштен на грижата на мајка му и сестра му, сѐ до 1900 година.