Меланхолија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Меланхолија

Меланхолија — душевна болест која се одликува со беспричинска тага, нерасположение, страв, забавени душевни функции и склоност кон самоубиство. Во минатото, од 5-4 век п.н.е. во списите на Хипократ, меланхолијата била опишана како состојба на болест која се одликува со „недостаток на апетит, очај, несоница, раздразливост, вознемиреност“. Исто така се тврдело дека „тагата и стравот, кога траат долго време, предизвикуваат меланхолија“. Денес, меланхолија се смета за ист феномен како и депресивното растројство.

Thumb
Човек чие лице е пример за меланхоличен темперамент (1789)
Thumb
Меленхолија I од Албрехт Дирер, 1514 година
Thumb
Анатомија на меланхолија на Роберт Бартон, 1626 година, второ издание

Според старата хипократска теорија за четирите темпераменти, меланхолијата е резултат на нерамнотежа во човечката душа предизвикана од доминацијата на супстанција произведена од жолчката, која се шири низ крвта во телото.

По откривањето на циркулацијата на крвта од страна на Вилијам Харви во 1628 година, оваа теорија го изгубила своето значење.

Меланхолијата како мотив во уметноста и во популарната култура

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.