![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/40/1896-11-08_Yellow_Kid.jpg/640px-1896-11-08_Yellow_Kid.jpg&w=640&q=50)
Стрип
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стрип — уметност, најчесто определена како деветта уметност според серијата написи Деветтата уметност, музеј на стрипот потпишани од страна на Морис во весникот Спиру (Journal de Spirou) помеѓу 1964 и 1967. Оваа класификација била подоцна преземена и популаризирана од страна на Франсис Лакасен во неговата книга За една деветта уметност, стрипот[1]. Стрипот исто така е и медиум[2][3], низ кој се пренесува деветтата уметност материјализирајќи ја низ едно дефинирано и семиотичко множество. Тој овозможува да се раскажат приказни преку посредство на надоврзани слики. Според Вил Ајзнер, „денес стрипот ја сочинува главната апликација на секвенцијалната уметност ставена на хартија.“[4]
![Yellow kid од ноември 1896. бил првиот стрип со текст во облачиња.](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/40/1896-11-08_Yellow_Kid.jpg/640px-1896-11-08_Yellow_Kid.jpg)
Типично, стриповите се печатат на хартија со текст вметнат во сликите. Најсреќавани формати се дневните стрипови, серијалните стрип албуми и поголемите дела познати како графички новели.
Манга е јапонскиот поим за стрипови, француските стрипови се познати како Bande Dessinée или „BD“ (буквално, „стрип цртежи“), во Велика Британија под „стрипови“ се подразбираат домашните стрип албуми додека под „стрип албуми“ се подразбираат стрипови од САД. Во Република Македонија, под „стрип“ се подразбираат сите три спомнати форми.