12. издание на велосипедската трка Страде Бјанке From Wikipedia, the free encyclopedia
Страде Бјанке 2018 — 12. издание на велосипедската еднодневна трка Страде Бјанке, која се одржала на 3 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја. Вторпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 12. Страде Бјанке | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2018 1.UWT | ||
Датум | 3 март 2018 | ||
Растојание | 184 км | ||
Држава | Италија | ||
Поаѓалиште | Сиена | ||
Одредиште | Сиена | ||
Екипи | 21 | ||
Возачи на почеток | 147 | ||
Возачи на крај | 53 | ||
Просечна брзина | 36,37 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Тиш Бенот (Лото-Судал) | ||
Второпласиран | Ромен Барде (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
Третопласиран | Ваут ван Ерт (Верандас Вилемс-Крелан) | ||
◀2017 | 2019▶ | ||
Документација |
Тиш Бенот (Лото-Судал) ја освоил својата прва професионална победа,[3] откако нападнал од групата во потера по предводниците Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал) и Ваут ван Ерт (Верандас Вилемс-Крелан) пред да ги помине во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот дошол сам до победа со 39 секунди пред Барде,[4] кој го поминал Ван Ерт во завршниот километар; Ван Ерт, трикратен велокрос првак, на крајот го заокружил подиумот со дополнителни 19 секунди зад Барде.[4]
Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Сепак, сите осумнаесет екипи избрале да настапат на трката, како во 2017 година. Дополнително, три професионални континентални екипи се натпреварувале со што се заокружила главната група од 21 екипа.[5]
Страде Бјанке е завршна трка за ФДЖ под тоа име; од Париз-Ница следниот ден, екипата ќе биде позната како Групама-ФДЖ.[6]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.