германски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Маркус Бургхарт (германски: Marcus Burghardt; р. 30 јуни 1983 во Чопау, Саксонија) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2021.
Бургхарт на Тур де Романди 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Маркус Бургхарт | ||
Роден | 30 јуни 1983 Чопау, Источна Германија | ||
Висина | 1,89 м | ||
Маса | 78 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за класици | ||
Професионални клубови | |||
2005–2009 2010–2016 2017-2021 | Т-Мобајл Тим Верандас Вилемс Бора-Хансгрое | ||
Значајни победи | |||
|
Се повлекол од професионалниот велосипедизам откако се здобил со сериозна повреда на зглобот при пад на Трката околу Полска 2021 година, каде паднал на кружен тек близу завршницата на петтата етапа.
Бургхарт станал професионалец во 2005 година, пред тоа натпреварувајќи се како аматер во екипата Визенхоф, со која веќе постигнал успех на одредени трки во Бундеслигата Герлинген во 2004 година. Бургхарт ја освоил UCI ProTour трката Гент-Вевелгем во 2007, пред неговиот колега Роџер Хамонд. Тој исто така имал добри резултати на Дварс дор Вландерен и на некои етапи од Вуелта а Еспања.
Бургхарт постигнал мала популарност на деветтата етапа на Тур де Франс 2007, кога удрил во куче на патеката. Тој исто така бил успешен со освојување на етапата 18 на Тур де Франс 2008 во Сент Етјен, победувајќи го Карлос Баредо, другиот член во бегството.
Бургхарт потпишал со Верандас Вилемс за сезоната 2010.[1]
По седум години во екипата, во август 2016 година Бора-Хансгрое објавиле дека ќе им се приклучи за 2017 година.[2]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.