Страде Бјанке
италијанска велосипедска трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Страде Бјанке (италијански: Strade Bianche; службено: Страде Бјанке - Ероика Про) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка која се одржува во Тоскана, средишна Италија, започнувајќи и завршувајќи во градот Сиена. Првото издание на трката било во 2007 година, секогаш во првата или втората сабота од март. Името „Страде Бјанке“ (италијански за „бели улици“) потекнува од историските бели патчиња со чакал кои се одлика на трката. Повеќе од 50 километри од трката се одржуваат на такви патишта.[1]
Датум | почеток на март |
---|---|
Регион | Тоскана, Италија |
Месно име | Strade Bianche - Eroica Pro (италијански) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Директор на трката | Мауро Вењи |
Прво одржување | 2007 (2007) |
Одржувања | 16 (до 2022) |
Прв победник | Александар Колобнев (РУС) |
Најмногу победи | Фабијан Канчелара (ШВА) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Тадеј Погачар (СЛО) |
И покрај релативно кратката историја, Страде Бјанке брзо стекнала престиж.[2] Во 2017 година, трката била вклучена по првпат во Светската турнеја.[3][4] Таа е организиран од RCS Sport и се одржува една седмица пред Тирено-Адријатико како рана пролетна подготовка на калдрмисаните класици во април. Швајцарецот Фабијан Канчелара го држи рекордот по број на победи, со три победи.[5]
Од 2015 година во истиот ден како машката трка се одржува и Страде Бјанке Доне, женска верзија на трката. Настанот е дел од Светската турнеја и се одржува на половина растојание од машката трка и содржи околу 17 километри патишта од чакал поделени на пет сектори.[6]