From Wikipedia, the free encyclopedia
Стефче Трпковски (р. 7 август 1982 во Скопје) — македонски политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој е актуелен градоначалник на Општина Сопиште. На функцијата стапил по локалните избори во 2013 година[1], па потоа повторно по локалните избори во 2017 година.[2]
Стефче Трпковски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Сопиште | |
На должноста | |
Стапил 2013 | |
Претходник | Јован Ѓорѓијоски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 август 1982 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Занимање | политичар |
Вероисповед | Православен христијан |
На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Трпковски како кандидат за градоначалник на Општина Сопиште од редовите на ВМРО-ДПМНЕ победил во првиот круг на гласање со освоени 65,03% од гласовите[3]
Пред да стане градоначалник, тој бил геодетски инженер. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје.[4]
Стефче Трпковски е роден на седми август 1982 година во Скопје. Средно образование завршил во ДСГУ „Здравко Цветковски“, високо образование на Градежниот факултет во Скопје, каде се здобил со звање Дипломиран геодетски инженер. Од 2011 година е на магистерски студии на Градежниот факултет, каде магистрира како Магистер по Технички Науки. Од 2007 година работел во АЛФА–ГЕОДЕТ ДООЕЛ, а потоа бил пратеник во Собранието на Република Македонија, каде бил член на повеќе комисии, меѓукои на комисиите за транспорт и екологија, за локална самоуправа, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и во пратеничката група за меѓународна соработка со Парламентот на Јапонија.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.