Србица
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Србица — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.
Србица | |
Поглед на сретселото | |
Координати 41°35′17″N 21°1′51″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Горно Кичево |
Население | 796 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6254 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12067, 12567 |
Надм. вис. | 750 м |
Србица на општинската карта Атарот на Србица во рамките на општината | |
Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Кичево е оддалечено 12 километри.[2] Србица се наоѓа на западните падини на планината Челоица.
Србица отсекогаш било едно од најголемите села во Кичевско. Куќите се наоѓаат на благи падини и во плитки долини. Западно од Србица се наоѓа самата котлина, додека на исток благо се издигнуваат падините на Челоица. Низ селото поминувала некогашната теснолиниска железница Скопје-Охрид. Околни села се: Арангел, Жубрино и Ново Село.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Брце, Зеленок, Чешма, Аранѓелска Фуша („Поле“), Бара, Лиси Мад („Голем Даб“), Чешма Осломечка, Јасика, Волништа, Копач, Штеже, Филџаница, Вору, Аликручи, Крој Јонузи, Рамниште, Ализојца, Ара Ибос, Вражи Воденица, Јусуфица, Гумниште, Асанови Кошари, Рамна Јасика, Гуштерица, Чукале, Страга, Забел, Преслоп, Шуманица, Ајре Бајрес и Гропа.[3]
Селото има разреден тип, бидејќи помеѓу групите на куќите има суводолици. Од Србица скоро и да нема празен простор до селото Арангел, кое е сместено на северозапад. Од југ кон север, селото е издолжено околу 1 километар. Куќите на родовите се групирани и некои од нив носат имиња како Спаија, Касе, Епеџе и Балаж.[3]
Селото се смета за едно од средновековните села во Кичевско. Меѓутоа, во историските извори првпат било забележано во втората половина на XV век под истото име, кога имало 88 словенско-христијански куќи,[3] во кои живееле 80 семејства, 3 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[4]
Тоа се развило покрај средновековниот утврден манастир Маркулија, која се наоѓала во близина на селото, а чии остатоци можеле да се видат во 1920-тите години. Овие остатоци мештаните спомнувале дека биле од Крале Марко.[5]
Се зборува дека Србица некогаш имала околу 300 словенско-христијански куќи. Селото било многу важна населба за северниот дел на кичевскиот крај. Во Србица имало црква „Св. Никола“.[3] Во минатото селото Србица било населено со православни Македонци, за што доказ е записот во една од манастирските книги во Кичевскиот манастир во кои стои запишано: „во време на игуменот Гаврил јеромонах, сираче од село Србница, 1811 месец март 20“[6]
За време на отоманската власт, веројатно крајот на XVII и почетокот на XVIII век, словенските христијани во Србица нагло се намалиле: едни се иселиле, додека други се исламизирале. А во другата половина на XVIII век, следувало населување на Албанци муслимани, по потекло од областа Матија во Северна Албанија. Најпрво дошле 7-8 албански домаќинства. Така населението во Србица станало мешано: македонско, торбешко и албанско. Помеѓу Торбешите (Македонци-муслимани) и Албанците, поради истата вера, се склучувале и брачни врски. Така Македонците-муслимани постепено го губеле својот мајчин јазик и се албанизирале. Македонското муслиманско население потполно се албанизирало во почетокот на XX век.[3]
Додека траел процесот на албанизирањето на Торбешите, христијанското население постојано се иселувало. Последните 5-6 христијански родови поради зулумите го напуштиле селото околу 1900 година. Старешините на тие родови се нарекувале Сандро, Пандил, Ќипро, Јован и Илија. Првите четири семејства заминале во Кичево, додека последното отишло во поречкото село Девич.[3]
Во XIX век, Србица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
За време на Втората светска војна, балистичката окупациска власт селото го преименувало во Кастриотери.[3]
Атарот зафаќа простор од 10,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 333 хектари, на пасиштата отпаѓаат 250 хектари, а на шумите 228 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото се наоѓаат услужни објекти.[2]
По Втората светска војна, голем дел од машкото население се вработиле како наставници и железнички работници.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото било познато како Србиската и имало 158 домаќинства со 400 жители муслимани и 92 жители христијани.[7]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 850 жители, Македонци муслимани.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 900 Албанци.[9]
Селото е големо, коешто во 1961 година броело 1.217 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.676 жители, од кои 1.672 Албанци, а двајца жители Македонци.[2]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Србица, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Србица живееле 1.862 жители, од кои 1.859 Албанци и 3 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 796 жители, од кои 761 Албанец и 35 лица без податоци.[11]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Србица:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 1.065 |
1953 | 1 | 1.095 | 26 | 0 | 0 | 2 | — | 1.124 |
1961 | 0 | 1.208 | 1 | — | 3 | 5 | — | 1.217 |
1971 | 5 | 1.321 | 1 | 0 | 1 | 6 | — | 1.334 |
1981 | 2 | 1.505 | 0 | 6 | 0 | 20 | — | 1.533 |
1991 | 3 | 14 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 17 |
1994 | 2 | 1.672 | 0 | 0 | 0 | 2 | — | 1.676 |
2002 | 0 | 1.859 | 0 | 0 | 0 | 3 | — | 1.862 |
2021 | 0 | 761 | 0 | 0 | 0 | 0 | 35 | 796 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Денес, Србица е албанско село, иако до крајот на XIX во него живееле и македонско население. Потеклото на денешните родови е мешано, едни имаат потекло од некогашните Торбеши, а други од вистинските Албанци.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[5]
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Арангел, се наоѓале и селата Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Србица, заедно со селата Арангел, Ново Село, Србица и Туин.
Во селото постојат избирачките места бр. 0785 и 0786 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.574 гласачи.[14]
Во минатото во селото постоел храмот „Св. Никола“, како и средновековниот манастир „Св. Меркуриј“.[3][5]
Починати во Србица
Покрај споменатите последни христијански родови, од селото имало и постари иселувања, најчесто во кичевските села Карбуница (Стефановци, 1 к.; Боглевци, 2 к.) и Ново Село (Ќипро), како и во градовите Прилеп и Битола. Исто така, се знае и за стари христијанки по потекло од селото кои се омажиле во околните села.[3]
Во поново време има иселувања на Албанците и се знае за околу 20 семејства кои се преселиле во Кичево, додека родот Зенкоски (1 к.) заминал во Ериновци, а родот Губероски (15 к.) во Жубрино[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.