![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b8/Slognica_re%25C4%258Dovska%252C_%25C7%25B4or%25C7%25B5ija_Pulevski.jpg/640px-Slognica_re%25C4%258Dovska%252C_%25C7%25B4or%25C7%25B5ija_Pulevski.jpg&w=640&q=50)
Слогница речовска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Слогница речовска или позната под целосното име „Словенско-населенска македонска слогница речовска“ — книга издадена во 1880 година во Софија од страна на Ѓорѓија Пулевски.[1] Важи за прва печатена македонска граматика[2], но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик во поглед на правопис и граматика. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Покрај тоа, Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел.
![]() Корица на оригиналното издание. | |
Автор | Ѓорѓија Пулевски |
---|---|
Земја | Кнежевство Бугарија |
Јазик | македонски |
Жанр | граматика и правопис |
Издадена | 1880 |
Медиум | печатено |