гратче во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Сачишта (дијалектно: Сачишча; грчки: Σιάτιστα, Сјатиста) — гратче во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 5.057 жители (2021).
Сачишта Σιάτιστα | |
---|---|
Црквата „Св. Димитриј“ | |
Координати: 40°15.23′N 21°33.8′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Сачишта |
Надм. вис. | м | 920
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 5.057 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 50003 |
Повик. бр. | 2465 |
Гратчето е сместено во јужните пазуви на планината Сињак, над преминот кој ја дели од Црвена Гора на југ. Оддалечено е 25 км југозападно од Кожани, 30 км североисточно од Гребен и 22 км југоисточно од Лапчишта.[2] Се дели на две маала — Хора на север и Геранија на југ, чии традиционални македонски облици се Гора и Горица/Гарица.
Се смета дека Сачишта е основано уште пред Шишани — во XVI век. Првично селото било македонска населба, која подоцна станала влашка. На крајот на XVII век митрополитот Зосим II на Охридската архиепископија тука го преместил седиштето на епархијата, кое дотогаш било во Шишани.[3] Во 1677 г. во Геранија е изградена црквата „Св. Петка“ — најстариот зачуван христијански храм во градот.[4][5] Грчката пропаганда проработела многу рано, бидејќи веќе во 1710 г. во селото било отворено грчко училиште.[6] Според Спиридон Гопчевиќ гратчето претходно било чисто влашко, но во 1889 г. е утврдено дека од 10–12.000 лица одвај една четвртина разбирале влашки, а сите по дома зборувале грчки. Густав Вајганд тврди дека влашкото село Сачишта е погрчено од дојденци од Шишани. Кога Вајганд ја посетил паланката (крај на XIX век) само старците занеле влашки.[7]
Во 1760 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во источниот дел на Сачишта,[8] а во 1801 г. и големата соборна црква „Св. Димитриј“ во Хора, изгорена во 1910 г. и обновена по две години.[9]
На почетокот на 1830-те албанските водачи Тафил Бузи и Аслан-бег го нападнале Сачишта, но наишле на силен отпор од жителите.[10]
Во XIX Сачишта веќе станало гратче во Населичката каза на Серфичкиот санџак.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Сачишта:
„ | Гратчето се состои од две маала — Гарица и Хора... Има 1.080 куќи и 1.930 брачни двојки. Жителите тргуваат со добиток и вино, но се среќаваат и занаетчии. Има две основни училишта... и едно повисоко со библиотека од 4.000 книги. Има 22 цркви, од кои две катедрали и 13 свештеници.[11] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Сачишта (Шатиста) има 4.800 жители „Грци“ христијани (т.е. погрчени Власи).[12]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сачишта (Satchichta) имало 5.250 „Грци“ (т.е. погрчени Власи).[13]
Според грчка статистика од 1904 г. во Сачишта живееле 7.000 гркојазични „Грци“ (т.е. погрчени Власи).[14] Во 1912 г. во Сачишта делувала четата на капетанот Трендафилос.[15]
По Балканските војни во 1913 г. Сачишта е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 6.774 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 4.648,[2] веројатно како последица од војните. По 1923 г. во гратчето се доведени 126 грчки колонисти (30 семејства) од Турција.[2] Така, во 1928 г. населението се накачило на 5.328 жители.
Во 1963 г. е срушен стариот храм „Св. Атанас, Св. Бессребреници и Св. Антониј“ од XVII век, и одновно изграден под надзор на митрополитот Поликарп Шишански и Сачишки.[16]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 4.714 | 4.080 | 4.737 | 4.852 | 5.702 | 5.688 | 5.642 | 5.490 | 5.057 |
Потомци на преселници од Сачишта има во кавадаречкото село Ваташа. Тоа се родот Грковци (2 куќи во 1920-ите), потомци на Мишо, кој се доселил на почетокот на XIX век бегајќи од зулумите на Али Паша Јанински. Неговиот син, Андо (роден во 1808 г.), се образувал во училиштето на Даскал Камче и бил заслужен за отворање на училишта во Кавадарци и Неготино.[17]
Населението се занимава со трговија на мало и други малостопански дејности. Застапено се и земјоделството и сточарството во пределите околу градот.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.