општина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Горуша (грчки: Δήμος Βοΐου, Димос Воjу) — општина во Кожанскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Административен центар е градот Сачишта (Сјатиста). Општината ги опфаќа населените места во областа Населица и западните падини на планината Сињак или Снежник (Сињацико или Аскио). Наречен е по планината Горуша (Војо).
Општина Горуша Δήμος Βοΐου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Кожани |
Гео. област: | |
Население: | 44.215 (2021) |
Седиште: | Сачишта |
Нас. места: | ? |
Пошт. бр.: | 503 00 |
Пов. бр.: | 24650-2 |
Портал: | dimosvoiou.gr |
Општината Горуша е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на пет стари административни единици: општините Сачишта (Сјатиста), Лапчишта (Неаполи), Цотил (Цотили), Сињак (Аскио) и општинската целина Жупан (Пендалофос).
Општинската единица Сачишта со седиште во Сачишта (Сјатиста) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на јужните падини на планината Сињак:
Општинската единица Жупан со седиште во Жупан (Пендалофос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во југоисточниот дел на планината Горуша (Војо):
Општинската единица Лапчишта со седиште во истоимениот град Лапчишта опфаќа 26 села од историско-географската област Населица:
Општинската единица Сињак со седиште во Враништа (Калонери) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на западните падини на планината Сињак:
Општинската единица Цотил со седиште во Цотил (Цотили) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Населица:
На територијата на општината се наоѓаат и следниве поранешни села: Бања (Агија Параскеви) Водорина (Неја Спарти), Домовишта (Парохтио), Јанково (Месопотамос).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.