![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/f/f4/Parker072102_big.jpg/640px-Parker072102_big.jpg&w=640&q=50)
Сара Џесика Паркер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сара Џесика Паркер (англиски: Sarah Jessica Parker; родена 25 март 1965 ) — американска глумица и продуцентка, со портфолио на настапи на телевизија, филм и театар.[1] [2] Позната е по својата улога како Кери Бредшо новинар во весник, на рубриката за секс во телевизискиот серијал на HBO Сексот и Градот (1998–2004); улога за која освои 4 Златни глобуси и 2 Еми награди. Ликот кој го глумела бил многу популарен за време на емитувањето на серијата, а подоцна добил признание за еден од најдобрите женски ликови на американската телевизија. Ликот на Кери Бредшо го глумела и во филмовите Сексот и градот (2008) и Сексот и градот 2 (2010), како и во новата серија И само така... (2021–сега).
Сара Џесика Паркер | |
---|---|
![]() Кери Бредшо | |
Роден(а) | Sarah Jessica Parker |
Активен | 1977-денес |
Сопружник | Метју Бродерик |
Мреж. место | Страница на обожаватели |
Паркер, првиот настап на Бродвеј го имала на 11-годишна возраст во драмата „Невините“, а потоа во 1979 година ја глумела главната улога во Бродвејскиот мјузикл Ени. Нејзините први поголеми филмски улоги ги имала во 1984 година во драма-филмовите Безгрижен и Првороден. Глумела и во: LA Story (1991), Меден месец во Вегас (1992), Хокус Покус (1993), Ед Вуд (1994), Клубот на првите жени (1996), Семејството Стоун (2005), Слушнавте ли за Морганови? (2009), Новогодишна ноќ (2011) и Хокус Покус 2 (2022).