Кери Бредшо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кери Бредшо Престон[1] е измислен лик и главен карактер во драмата на телевизиската куќа HBO и комедијата на ситуација „Сексот и Градот“ како и серијата Дневниците на Кери на телевизиската куќа „CW“ каде главните улоги ги играат Сара Џесика Паркер и Ана Софија Роб. Таа е полуавтобиографски лик измислен од страна на Кендис Бушнел која ја објави книгата „Сексот и Градот“, а е заснована на колумните кои ги пишувала за „Њујорк Обзервер“. Во серијата на телевизиската куќа „HBO“, Бредшо е колумнист во еден Њујоршки весник, помодар, а подоцна и независен писател за „Вог“ и застапен автор. Нејзината колумна „Сексот и Градот“ која излегува секоја седмица ги одредува насловите, приказните и коментарите за секоја епизода од серијата.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кери Бредшо | |
---|---|
Податотека:Carrie Bradshaw opening credits.jpg Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо Престон | |
Прво појавување | Сексот и градот: "Сексот и градот" (епизода 1.01) Споменарите на Кери: „Пилот“ (епизода1.01) |
Последно појавување | Original series: Sex and the City 2 |
Во 2004 година, Бредшо се најде на листата за „најдобрите 100 филмски ликови“ на магазинот „Браво“. Во 2009 година весникот „The Guardian“ ја нарече Бредшо „икона на деценијата“ наведувајќи дека и Кери Бредшо направила пресврт во културата и разбирањето на одредени прашања за жените како и вистинските пионери. Во 2010 година, пак, се најде како втора по ред, на списокот на „ТВ Водич“ за „25 најславни телевизиски лица на сите времиња“. Котираше како 41-ва личност на списокот на „незаборавни женски телевизиски личности“ на компанијата „АОЛ“. Според „Тв Водич“ таа е најмодерното ТВ лице. Нејзината љубовна врска со „Ѕверката“ се најде на листата за „Најдобри филмски двојки на сите времиња“ на „Тв Водич“. Паркер за својата изведба доби Еми награда, награда од „Здружението на глумци“ како и Златен Глобус. Во февруари 2012 година билп најавено дека Ана Софија Роб ќе ја игра улогата на младата Кери Бредшо во тинејџерската ТВ серија „Дневниците на Кери“, чиј претходник е серијата „Сексот и Градот“.