From Wikipedia, the free encyclopedia
Рораима (Roraima (изговор [ʁoˈrajma] or [ʁoˈrãjma][1]) ) е најсеверната и најретко населената бразилска држава,Сместена е во Амазонскиот регион. Се граничи со Амазон и Пара, како и со нациите Венецуела и Гвајана.
Главен град | Боа Вишта |
Најголем град | Боа Вишта |
Службен јазик | Португалски |
- Гувернатор | Жозе де Аншиета Жинијор |
Површина | |
- Вкупно | 224,298.98 км² ({{{површина поредок}}}.) |
- Вода (%) | {{{вода}}}% |
Население | |
- 2006 | 403,344 ({{{население поредок}}}.) |
- Густина | 1.8/km² ({{{густина поредок}}}.) |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | 3,179,000,000 ({{{БДП поредок}}}.) |
- По глава на жител | 8,123 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.) |
ИЧР (2005) | 0.750 ({{{ИЧР поредок}}}.) – среден |
Валута | |
Часовен појас | UTC {{{часовен појас}}} |
НДД | [[]] |
Повикувачки број | + |
Државата е богата со минерали, посебно злато, дијаманти, каситерит, боксит, мермер и бакар.
Националниот парк Рораима е сместен околу една од највисоките планини во Венецуела, со 2,727 метри нмв.
Освен на високите планини каде што климата е посвежа но многу влажна, Рораима има екваторска клима. Ова е вид тропска клима но, без сува сезона.
Амазон претставува повеќе од половината останати на планетава дождовни шуми и се состои од најголемиот и најголемиот со видови во светот. Влажните тропски шуми се најбогати со видови биоми, тропските шуми во Америките се побогати со видовиод тропските шуми во Африка и Азија.[2] Повеќе од третина од сите видови на земјата живеат во Амазонската дождовна шума.[3]
Уште во почетокот на 16 век регионот којшто сега е Рораима бил територија за препукувања, поради богатството со минерали, Бил сакан и за него се бореле Шпанците, Португалците, Холанѓаните и Англичаните до почетокот на предпоследниот век. Но во 1943, заедно со дел од Амазони, Федералната влада ја создала територијата Бранко Рио, која што станала Рораима во 1962. Во 1988, Рораима станала држава со одлука националниот конгрес. Името Рораима било земено од планината Рораима (планина),.
Според БИГС 2007-ма, државава брои 405,000 жители, со густина 1.8 ж./км2.
Урбанизација: 80.3% (2004); Прираст: 4.6% (1991-2000); Домаќинства: 97,465 (2005).[4]
Национална структура: 278,000 Пардо (68.8%), 81,000 Бели (20.0%), 29,000 Црнци (7.4%), 15,000 Азијати или Домородци (3.8%).[5]
Возила: 74,181 (март/2007); Мобилни телефони 148,000 (април/2007); Телефони: 67,000 (април/2007); Градови: 15 (2007).[6]
Сервисот за услуги е најголем од БДП со 87.5%, следен од индустрискиот сектор со 8.7%. Земјоделието претставува 3.8%, од БДП (2004). Рораима извезува: дрво 74%, кожа 22.6% (2002).
Удел во Бразилската економија: 0.1% (2005).
Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
меѓународен аеродром Боа Вишта е ставен во употреба на 19 февруари 1973-та, и бил ремоделиран во 1998-ма.Аеродромот има капацитет од 675,000 патници годишно.
Сината боја го симболизира чистиот воздух и небото над Рораима, белата линија симболизира мир, зелената од десно ги симболизира шумите и полињата, Ѕвездата ја симболизира Рондонија од националното знаме и минералните ресурси на државата. Црвената линија на дното го симболизира екваторот кој минува низ државава. Знамето е дизајнирано од уметникот Марио Барето, и било адоптирано со закон бр.133 на 14 јуни 1996-та.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.