From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Питер „Роби“ Вилијамс (роден на 13 февруари 1974 г.) е англиски пејач – текстописец, вокален тренер и повремен глумец. Тој е член на групата Take That. Вилијамс се прослави со првото појавување на групата на почетокот и на средината на ’90 - те години. По многу недоразбирања со менаџерскиот тим и одредени членови на групата, Вилијамс ја напушти групата во 1994 г. за да започне своја соло кариера. На 15 јули 2010 г. беше објавено дека тој повторно се вратил во Take Тhat и дека групата има намера да издаде нов албум во ноември 2010.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Роби Вилијамс | |
---|---|
Вилијамс на ARIA Music Awards of 2009 во Сиднеј, Австралија. | |
Животописни податоци | |
Родено име | Роберт Питер Вилијамс |
Роден(а) | 13 февруари 1974
} Stoke-on-Trent, Staffordshire, Англија |
Жанрови | поп, поп-рок, денс |
Занимања | Пејач-текстописец, музичар, вокален тренер, глумец |
Инструменти | Вокали, гитара, басгитара, синтисајзер, тапани, пијано, виолина, хармоника |
Период на активност | 1990–денес |
Издавачи | Chrysalis, Virgin, EMI |
Соработници | Take That |
Мреж. место | robbiewilliams.com |
Вилијамс има продадено повеќе од 55 милиони плочи низ светот. Тој е најдобро продаваниот британски соло изведувач во Велика Британија и најдобро продаваниот нелатино изведувач во Латинска Америка. Шест од неговите албуми се наоѓаат помеѓу првите 100 најпродавани албуми во Велика Британија. Тој исто така беше почестен со петнаесет BRIT Awards (Британски музички награди) повеќе од било кој друг изведувач, како и со седум ECHO Awards. Во 2004 г. тој беше примен во музичката хала на славните на Велика Британија откако беше изгласан за,,најдобар изведувач на ’90-тите”.
Вилијамс е роден на 13 февруари 1974 г. во Стоук на Трент од страна на Питер и Џенет Вилијамс. Него и неговата постара сестра Сали ги одгледа нивната мајка Џенет која се разведе од нивниот татко, стенд-ап комичарот Питер Парп Конвеј, уште кога Роби имаше три години. Вилијамс учеше во основното училиште Мил Хил во Стоук-он-Трент, потоа во римокатоличкото училиште Св. Маргарет Вард, а исто така учеше и во училиштето за танцување УКДДФ (UKDDF) во Тунстал.[1] Тој учествуваше во неколку училишни претстави, а неговата најголема улога беше онаа на Артфул Доџер (Artful Dodger) во продукција на Оливер!.[2] Како талентиран фудбалер, Вилијамс кратко време играше за фудбалскиот клуб Порт Вајл и поради повреда на глуждот заврши тоа што беше ветувачка кариера. По ова и пред да стане член на групата Take That, Вилијамс работеше и во пекарница и како продавач на двојни прозорци, но беше отпуштен поради тоа што го фатиле како ги советува клиентите да не го купуваат производот.
Во 1990 г. шеснаесет годишниот Вилијамс беше најмладиот член на Take That. Според документарниот филм Take That: For the Record, неговата мајка прочитала оглас во кој се барале членови за нов машки бенд и му предложила да проба со групата. На денот на неговата аудиција / интервју со Најџел Мартин-Смит, тој се запозна со членот на групата Марк Овен. Во периодот кога популарноста на бендот беше на високо ниво, Вилијамс беше познат како друштвениот шегаџија на бендот. Иако поголемиот дел од материјалот на бендот беше пишуван и изведуван од страна на Гери Барлоу, Вилијамс го изведе водечкиот вокал на нивните Топ Десет хитови "Could It Be Magic", "I Found Heaven" и "Everything Changes". Сепак тој имаше конфликти со Мартин-Смит околу ограничувачките правила за членовите на Take That и почна да пие сè повеќе алкохол и да се плетка со кокаин.[3]
Во јули 1995 г. Вилијамс користеше наркотични средства толку многу што се предозира вечерта пред настапот на неговата група на MTV Europe Music Awards (МТВ Европски музички награди).[4] Според документарниот филм For The Record, тој изјави дека е незадоволен што неговите музички идеи не биле прифатени сериозно од страна на водечкиот пејач Барлоу и Најџел Мартин-Смит, бидејќи неговите желби за истражување на хип-хоп и рап се спротивставувале на вообичаените балади на бендот. Барлоу објасни во интервјуата дека Вилијамс престанал да внесува креативност и не правел ништо друго освен тоа што му било кажано. Како што Вилијамс имаше недоразбирања со менаџментот на бендот, така Џејсон Оринџ имаше проблеми со неговото зголемено воинствено однесување, неговиот недостаток на интерес во изведувањето и неговата навика да ги пропушта пробите на бендот.
Оринџ и Барлоу го соочија Мартин-Смит со внатрешните конфликти, бидејќи тие не сакаа Вилијамс да го напушти бендот за време на турнејата или пред некоја идна турнеја низ Америка, којашто никогаш не се одржи. За време на една од последните проби пред почетокот на турнејата, групата се соочи со Вилијамс во врска со неговото однесување и изјави дека сака да оди на турнеја без него. Тој се согласи и ја напушти групата. Тоа беше последниот пат во дванаесет години кога беа сите заедно. И покрај напуштањето на Вилијамс, Take That ја заврши турнејата Nobody Else Tour како четворочлен бенд. Подоцна, на 13 февруари 1996 г. на дваесет и вториот роденден на Вилијамс, бендот се распадна.[5]
Набргу потоа, Вилијамс беше фотографиран од страна на печатот како се забавува со членовите на Oasis на Glastonbury Festival. По неговото заминување тој стана тема на разговор во ток-шоуа и весници откако ги потврди неговите планови да стане соло пејач, а исто така беше и забележан како се забавува со Џорџ Мајкл во Франција. Сепак, клаузула во неговиот договор со Take That му забранува да објави некаков материјал сè додека групата не се распушти официјално.Подоцна беше тужен од страна на Мартин-Смит и беше принуден да плати 200 000 долари во комисија. По разни правни битки за неговото право на соло кариера, Вилијамс победи и се ослободи од неговиот договор со BMG. На 27 јуни 1996 година Вилијамс официјално изјави дека потпишал договор со Chrysalis Records.
По заминувањето од Take That, Вилијамс ја започна својата соло кариера во 1996 г. со обработката на “Freedom" од Џорџ Мајкл. Синглот го достигна второто места на UK Singles Chart[6] што е за дваесет и седум места погоре од оригиналот на Џорџ Мајкл. Во март истата година започнаа снимањата за првиот албум на Вилијамс во студиото Маисон Руж во Лондон. Набргу по неговото запознавање со Гај Чемберс, Вилијамс го издаде "Old Before I Die" првиот сингл од неговиот деби албум. Напишан од страна на Вилијамс, Ерик Базилијан и Дезмонд Чајлд, синглот беше издаден во април 1997 г. и го достигна второто место на музичките листи на Велика Британија.[6] Меѓутоа, во голема мера беше игнориран на меѓународните музички листи. Вториот сингл "Lazy Days", беше издаден во средината на 1997 г. Иако Вилијамс минуваше низ рехабилитација од дрога, по совет на неговиот пријател Елтон Џон, му беше дозволено да го проверува снимањето на спотот за песната, но промовирањето на спотот беше виртуелно непостоечко, па поради тоа се бореше да стигне до првите четириесет места на која било Европска музичка листа, додека на музичките листи во Велика Британија беше помеѓу првите осум.
Неговиот деби албум Life Thru a Lens, беше издаден во септември 1997 година. Албумот беше промовиран на неговиот прв соло-концерт во живо во театарот Élysée Montmartre во Париз, Франција. На почетокот албумот бавно се пробиваше, дебитирајќи на единаесеттото место на албумските листи во Велика Британија. Третиот сингл од албумот "South of the Border" немаше значително влијание на музичките листи на Велика британија. Го достигна четиринаесеттото место откако по неговото издавање во септември 1997 година. Откако Вилијамс дозна за загриженоста на издавачката куќа за неговата иднина, го издаде четвртиот сингл од неговиот албум незнаејќи дека тоа ќе биде неговиот најголем сингл на музичките листи во Велика Британија и еден од најпознатите и најуспешни песни досега.
“Angels” стана најпродаваната песна на Вилијамс во Велика Британија[7] која беше двапати сертифицирана како Платина од страна на БФИ (Британска Фонограмска Индустрија). Песната, освен што стана хит во Европа и во Латинска Америка, предизвика нагло зголемување на продажбата на неговиот албум. Албумот беше во првите десет на британските топ листи и остана таму 218 недели правејќи го 58-от најпродаван албум во историјата на Велика Британија со продажба од над 2,4 милиони.[8] Албумот успеа да продаде над три милиони копии само во Европа.[9]
На почетокот на 1998 г. Вилијамс и Чемберс започнаа да го пишуваат вториот албум во Јамајка. Првиот сингл "Millennium" беше инспириран од главната музичка тема на Џон Бари, од „Филмот за Џејмс Бонд“. Песната стана првиот број еден сингл на Вилијамс откако беше издадена во септември истата година.[10] Песната се продаде со над 400 000 копии само во Велика Британија и беше сертифицирана како Златна од страна на БФИ во ноември 1998 година. Таа исто така стана хит во топ дваесет музичките листи во многу европски земји како и хит во Латинска Америка и Австралија.[11]
Албумот I've Been Expecting You дебитираше на првото место на албумските листи на Велика Британија откако беше издаден во октомври 1998 година.[10] Албумот доби поголемо внимание надвор од Велика Британија, оставајќи траг на европските и латиноамериканските пазари со хитови како "No Regrets" во соработка со пејачот на групата Pet Shop Boys - Нејл Тенант и пејачот на групата The Divine Comedy – Нејл Ханон. Синглот “No Regrets” беше издаден во ноември 1998 година и го достигна четвртото место на музичките листи во Велика Британија поддржана со Adam and the Ants, “Antmusic”. Синглот се продаде со над 200 000 копии во Велика Британија и беше серифициран како Сребрен во октомври 2004 година, скоро шест години по неговото оригинално издавање.
Третиот сингл "Strong" од албумот, дебитираше на четвртото место во Велика Британија и на деветтото место во Нов Зеланд, но сепак остана на 68 место во Германија, 99 место во Франција и на 55 место во Холандија. Четвртиот сингл "She's the One", преработка на една песна од албумот на World Party, Egyptology, стана неговиот втор број еден хит во Велика Британија.[10] Песната беше издадена како двојна а-страна со “It’s Only Us”, официјалната тема за ФИФА 2000 (FIFA 2000). Песната имаше голем успех продавајќи се со над 400 000 копии само во Велика Британија и беше сертифицирана како Златна од страна на БФИ во почетокот на 2000 година. Вилијамс ја заврши годината со голема европска турнеја.
Албумот беше мега хит, со продадени скоро 3 милиони копии само во Велика Британија, серифициран 10 пати како Платина од страна на БФИ.[12] Албумот се продаде и во над 4 милиони копии само во Европа.[13]
Во 1999 г. Вилијамс потпиша договор со Capitol Records во САД која што е дел од EMI (Electric & Musical Industries Ltd.). Вилијам започна промотивна турнеја во САД и кога го издаде неговиот прв американски и канадски сингл "Millennium" го достигна 72 место на Billboard Hot 100. Албумот The Ego Has Landed беше издаден во јули 1999 г. во САД и Канада притоа неимајќи го успехот што го постигна во Европа – албумот се искачи на 63 место на американската албумска листа Billboard и на 17 место на канадската албумска листа SoundScan. И покрај тоа, Вилијамс имаше одличен видеоспот и беше номиниран на MTV Video Music Awards за,,Најдобро видео од машки изведувач”. Тој не победи, но изложеноста помогна во продажбата на албумот.
Capitol Records, сакајќи да го направи Вилијамс уште поголема ѕвезда, ја издаде и втората песна од албумот, баладата “Angels”. Вилијамс сними нов спот за неа и кога беше издаден во есента истата година стана поголем хит од “Millenium”, искачувајќи се на 53 место. Но, тоа не беше доволно за Вилијамс така што тој се сконцентрира и на остатокот од светот каде што веќе имаше оставено влијание. Албумот се продаде во 590 000 копии во САД, сертифициран како Златен од страна на RIAA во ноември истата година. Компилацијата беше издадена насекаде низ светот (но како ограничено издание во Европа). Албумот имаше голем успех во Нов Зеланд достигнувајќи го бројот еден на официјалните албумски листи.
За време на промоцијата и турнеите во 1999 г. станувајќи светска поп ѕвезда, Вилијамс најде време да работи на неговиот трет албум.
Приот сингл од албумот беше "Rock DJ", инспириран од страна на советникот на Вилијамс од УНИЦЕФ (UNICEF), Јан Дјури. Во видеото Вилијамс беше прикажан како се обидува да биде забележан од група на девојки, најпрво соблакајќи си ја облеката, потоа кинејќи си парчиња од кожата и мускулите од неговото тело, со што предизвика контроверзии во Велика Британија и многу други земји. Видеото беше изменето од страна на Top of the Pops за неговата графичка содржина и многу други канали го следеа примерот.[14] Песната веднаш стана хит искачувајќи се на првото место во Велика Британија и таа беше неговиот трет број еден сингл како соло изведувач по точно една година од неговиот распродаден концерт во Slane Castle. Песната исто така го достигна првото место во Нов Зеланд и беше меѓу првите десет места во многу земји вклучувајќи ги Германија, Швајцарија, Австрија, Норвешка, Италија и Австралија. Покрај овој успех, песната не успеа да се пробие на музичките листи во САД, но сепак доби емитување на каналите како MTV и VH1. Песната доби неколку награди помеѓу кои: “Најдобра песна за 2000 г.” на MTV Europe Music Awards, ”Најдобар сингл на годината” на BRIT Awards и MTV Video Music Award for Best Special Effects.(MTV видео музичка награда за најдобри специјални ефекти).[15] Се продаде во над 600 000 копии само во Велика Британија и беше сертифицирана како Платина од страна на БФИ.
Кога албумот беше издаден во август 2000 г. го достигна врвот на листите во многу земји насекаде низ светот како Германија, Нов Зеланд и Холандија и беше помеѓу првите десет места во Италија, Австрија, Австралија, Финска и Шведска.[16] Што се однесува до Велика Британија, албумот дебитираше на првото место сертифициран двапати како Платина во првата недела од неговото издавање.[17] Вториот сингл "Kids" од албумот, во соработка со австралиската пејачка Кајли Миног, беше напишан кога Миног му се обрати на Вилијамс за материјали за нејзиниот прв албум Light Years under Parlophone. Вилијамс реши да ја вклучи песната во неговиот албум и да ја издаде како сингл. Таа стана хит веднаш по нејзиното издавање во октомври истата година, искачувајќи се на второто место во Велика Британија и помеѓу првите дваесет места во земјите како Австралија и Нов Зеланд. “Kids” стана еден од најголемите хитови во таа година со продадени на 200 000 копии само во Велика Британија и беше сертифицирана како Сребрена ( Silver). Наредните песни како "Supreme" (која Вилијамс ја сними и на француски) и "Better Man", станаа големи хитови достигнувајќи ги првите десет места во многу земји.
"Eternity", песна којашто не беше вклучена во албумот, беше издадена кон средината на 2001 година поддржана со "The Road to Mandalay". Таа стана неговиот четврти број еден сингл во Велика Британија, продавајќи се во над 70 000 копии во првата недела само во Велика Британија и достигнувајќи ги првите десет места во многу земји вклучувајќи ги Германија, Швајцарија, Австралија и Италија.
Албумот беше 91 недела на листите во Велика Британија, со продадени 2,4 милиони копии само во Велика Британија и сертифициран 8 пати како Платина од страна на БФИ. Тој стана 51 најпродаван албум во музичката историја на Велика Британија и се продаде во над 4 милиони копии во Европа.
По успехот од неговиот трет албум, Вилијамс сакаше да оди во друга музичка насока. Тој скрати две недели од неговата турнеја за да го сними неговиот четврти албум, албумот на големиот бенд за којшто отсекогаш сонувал. Инспириран од неговата љубов кон Френк Синатра, комбинирано со успехот од песната "Have You Met Miss Jones?" којашто ја имаше снимена во 2001 година за филмот “Дневникот на Бриџит Џонс”. Албумот беше снимен во Capitol Studios во Лос Анџелес, Калифорнија.
Вилијамс ја искористи шансата да сними дует со неговиот долгогодишен пријател Џонатан Вилкс, ѕвездата на Little Voice – Џејн Хорокс, ѕвездата на Saturday Night Live - Џон Ловиц, Руперт Еверет и глумицата Никол Кидман, добитничка на Academy Award. Првиот издаден сингл од албумот беше дуетот со Никол Кидман "Somethin' Stupid". Првобитно беше хит за Френк и Ненси Синатра, но песната стана петтиот број еден сингл на Вилијамс во Велика Британија,[18] продавајќи скоро 100 000 копии во првата недела и успеа да се искачи помеѓу првите пет места во Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, Холандија, Белгија и Нов Зеланд. На крајот таа стана еден од најголемите хитови за 2001 година[19] со над 200 000 продадени копии само во Велика Британија. Се задржа три недели на врвот на музичките листи во 2001 година и беше сертифицирана како Сребрена во јануари 2002 г.
Кон крај на 2001 год беше издаден албумот Swing When You're Winning (во однос на неговиот студиски албум од 2000 година Sing When You're Winning) кој веднаш стана хит во Велика Британија (останувајќи шест недели на првото место), Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Германија и Швајцарија. Го достигна десеттото место во остатокот од светот и се продаде во над 2 милиони копии до крајот на 2001 г., а севкупно имаше 7 милиони продадени копии. Вториот сингл од албумот беше издаден како двојна а-страна "Mr. Bojangles/I Will Talk and Hollywood Will Listen". Меѓутоа тој беше издаден само во централна и источна Европа. "Mack the Knife" беше издаден како радио сингл во Мексико.
Албумот се продаде во над 2, 1 милион копии и остана 54 недели на музичките листи во Велика Британија. Тој беше сертифициран 7 пати како Платина во Велика Британија и стана 49-ти најдобро продаван албум во музичката историја. “Beyond the Sea” беше вклучена во филмот,,Барајќи го Немо’’ и исто така беше издадена со ЦД-то со музиката од филмот.
Во декември истата година беше издадено ДВД со наслов Robbie Williams Live at the Albert Hall (Роби Вилијамс во живо од Алберт Хал). Досега тоа е едно од најпродаваните музички ДВД во Европа, сертифицирано 6 пати како Платина во Велика Британија[20] и 2 пати во Германија.[21]
Во 2002 г. Вилијамс потпиша договор вреден рекордни 80 милиони фунти со EMI.[22] Во договорот имаше бројни услови издавачката куќа да врши поголема контрола на изведувачот и обврска да го пробие Вилијамс на американскиот пазар. Засега тој е најголемиот музички договор во британската историја. Договорот беше посредуван од страна на Ingenious Media, водечкото советодавно тело за корпоративно финансирање во Велика Британија. Вилијамс почна да работи на својот петти албум, за кој потроши цела година во студиото за снимање. Албумот навестуваше нова ера за Вилијамс. Тој презема поактивна улога во правењето на својот албум, давајќи индикација за неговата зголемена доверба во студиото. "One Fine Day", "Nan's Song", и "Come Undone" беа првите песни напишани од Вилијамс без помош од Гај Чемберс. Повеќето песни беа снимени во Лоа Анџелес.
Првиот сингл од албумот, "Feel", напишан од страна на Вилијамс и Чемберс, најпрво беше снимен како демо. Кога тие започнаа да работат на албумот, пробаа да го преснимат синглот, но на Вилијамс тоа не му се допаѓаше и реши да ја стави демо верзијата и да ја издаде како прв сингл. Синглот беше издаден при крајот на 2002 г. и стана најголемиот меѓународен хит на Вилијамс, искачувајќи се на првото место во земјите како Холандија и Италија и останувајќи помеѓу првите десет места во скоро секоја европска земја.[23] Кога во 2002 год беше издаден петтиот студиски албум на Вилијамс, Escapology, се проби на првото место во најмалку 10 земји од кои Велика Британија, Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, Финска и Данска. Во други земји беше меѓу првите десет места. Сепак не успеа да остави такво влијание во САД каде што го достигна само 43-тото место на Billboard Albums Chart.
Вториот сингл од албумот, "Come Undone", стана топ десет хит низ светот. Видеото, во кое што Вилијамс (целосно облечен) беше прикажан како има секс на три начини со две жени, беше цензорирано од страна на MTV Networks Europe, поради неговата контроверзност. Видеото беше за млади луѓе кои се забавуваат и прикажуваше снимки од тепачки, конзумирање на дрога и алкохол. Во видеото исто така беа прикажани вознемирувачки слики од инсекти и влекачи. Нецензорираната верзија на видеото беше издадена со ДВД во Европа и беше вклучена во подобреното ЦД. Исто така и БиБиСи Радио 2 ја забрани песната поради нејзината експлицитна содржина. Во тоа време беше потврдено дека Вилијамс и Чемберс официјално се разделуваат. Верзијата на синглот "Come Undone" не е истата како верзијата на албумот и е напишано дека е од продуцентот Стив Пауер наместо “оригинална продукција на Гај Чемберс / Стив Пауер”.
Третата песна од албумот беше "Something Beautiful". Таа беше напишана во Барбадос. Најпрво му беше понудена на Том Џонс, но тој ја одби, а потоа беше преработена за содржината на албумот на Вилијамс. Синглот беше издаден во 2003 г. Иако песната имаше мал успех во споредба со претходните песни на Вилијамс сепак успеа да се искачи помеѓу првите десет места во Велика Британија, Нов Зеланд и Данска. Но, немаше таков успех на музичките листи и во другите земји. Видеото прикажа многу луѓе од цела Европа како се натпреваруваат за да добијат шанса да изведуваат како Роби Вилијамс на крајот на истото видео. Тројцата победници имаа шанса да се запознаат со Вилијамс. Три различни верзии на видеото беа пуштени во различни делови на светот, вклучувајќи различен победник. Вилијамс ја започна својата светска турнеја кон средината на 2003 г. и имаше три концерти во живо во Кнебворт каде што привлече вкупно 375 000 обожаватели.
Escapology кон крајот на 2003 г. имаше продадено скоро 2 милиона копии во Велика Британија.[24] Беше сертифициран 6 пати како Платина од страна на БФИ и стана 50-тиот најдобро продаван албум во музичката историја на Велика Британија. Албумот се продаде во над 5 милиони копии само во Европа.
Во октомври 2003 г. Вилијамс го издаде својот прв албум во живо Live at Knebworth[25] што се искачи на второто место во Велика Британија. Албумот го достигна врвот во Германија и Австрија и стана топ десет албум во остатокот на Европа, Австралија и Латинска Америка. Албумот во живо се продаде во над 600 000 копии во Велика Британија и беше сертифициран 2 пати како Платина од БФИ. Само во Европа се продаде во 2 милиони копии. Тој исто така ја пееше и песната Beyond the Sea во филмот “Барајќи го Немо”.
Во Октомври 2004 г. Вилијамс издаде ретроспектива од неговата кариера и заедно со тоа ги промовираше новите песни на коишто работел заедно со новиот соработник Стефан Дафи. Првата песна од компилацијата, "Radio", издадена во октомври 2004 год, дебитираше на првото место на музичките листи во Велика Британија[10] (станувајќи шестиот број еден хит на Вилијамс) и се продаде во 41 732 копии. Песната беше на првото место и во Данска, а во Нов Зеланд, Италија, Австрија и Норвешка беше меѓу првите топ десет места. Кога се издаде неговата втора компилација Greatest Hits, во Велика Британија се продаде во 320 000 копии во првата недела и дебитираше на првото место.[10] Албумот исто така се проби на првото место и во други земји како Швајцарија, Италија, Португалија, Австрија, Холандија, Австралија и Нов Зеланд.
Вториот сингл од албумот, баладата "Misunderstood", којашто беше музичката тема на филмот “Дневникот на Бриџит Џонс – На работ од разумот”, беше во првите десет места во Италија и во Данска, со што придонесе да се прогласи албумот за најдобро продаван албум за таа година во Велика Британија.[26] Тој беше 61-от најдобро продаван албум во музичката историја на Велика Британија и БФИ го сертифицираше 6 пати како Платина со продадени 2 милиони копии. Тој стана и најпродаваниот албум за таа година во Европа,[27] сертифициран 5 пати како Платина со продадени над 5 милиони копии. Осум години по издавањето на “Angels”, во февруари 2005 г., британската јавност го изгласа синглот за,,Најдобар сингл во последните дваесет и пет години” на Британските музички награди 2005 г.[28]
По турнејата низ Латинска Америка во 2004 г. за промоцијата на неговиот албум Greatest Hits, Вилијамс почна да работи на неговиот шести студиски албум. Сниман во неговата спална соба во Холивуд Хилс, албумот беше доработен и од Стефан Дафи во период од 24 месеци.
Песната “Ghosts” беше инспирирана од “Louise” од the Human League и во неа се работеше за човек кој раскинува со неговата партнерка и сфаќа дека сè уште има силни чувства за неа.
Првиот сингл од албумот, "Tripping", беше издаден на 3 октомври 2005 г. и стана меѓународен успех на првите места на музичките листи во Германија, Австрија, Холандија, Италија, Швајцарија, Шведска, Норвешка и Шпанија.
Албумот Intensive Care беше издаден на 9 октомври во Берлин, Германија. Тој веднаш стана хит удирајќи го првото место во Велика Британија и пробивајќи се на музичките листи во Германија, Швајцарија, Австралија, Австрија, Шведск, Нов Зеланд, Холандија, Финска и многу други земји.
Во ноември 2005 г. Вилијамс си ја однесе дома наградата за,,Најдобар машки изведувач” од MTV Европските музички награди, а исто така влезе и во Гинисовата книга на светски рекорди (The Guinness Book of World Records) откако се продадоа 1,6 милиони карти во еден ден за неговата најавена светска турнеја за 2006 година.[29] Но, по успехот Гери Барлоу, Марк Овен, Џејсон Оринџ и Хауард Доналд се согласија повторно да се обединат во Нотинг Хил, западен Лондон, за преиерата на документарниот филм за Take That. Документарниот филм се прикажуваше на ITV1 на 16 ноември 2005 г. За жал според цитираниот извор од The Sunday Mirror,,Роби изјави дека нема да дојде. Останатите членови од бендот беа разочарани, но знаеја дека шоуто мора да продолжи”.
До декември беше издаден и третиот сингл. Баладата "Advertising Space" ги достигна првите десет во некои европски земји вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Швајцарија, Австрија и Италија.
Во април 2006 г. во Јужна Африка, Вилијамс ја започна неговата светска турнеја - Блиска средба откако ја заврши турнејата во Европа којашто ја гледале 2,5 милиони луѓе. По турнеите во Латинска Америка и Австралија гледаноста се зголеми на 3 милиони.[30] Третиот дел од албумот беше издаден кон средината на 2006 година, по долга пауза помеѓу песните. "Sin Sin Sin" беше првата песна која ја напишаа Вилијамс и Дафи заедно, а нејзиното видео беше снимено во Кејптаун, Јужна Африка точно пред почетокот на неговата турнеја. Песната беше првиот сингл на Вилијамс кој не успеа да влезе во првите 20 во Велика Британија, останувајќи само на 22 место додека пак во некои земји како Германија, Швајцарија, Австрија, Холандија, Данска и Италија успеа да влезе меѓу првите 20.
До крајот на промоцијата на албумот беше објавено дека има продадено над 5 милиони копии само во Европа и беше сертифициран 5 пати како Платина од страна на IFPI (Меѓунардодна федерација за фонограмска индустрија). Тој исто така беше сертифициран 5 пати како Платина во Велика Британија и во тоа време се сметаше за негов најслабо продаван студиски албум во земјата.
Седмиот студиски албум на Вилијамс беше објавен на почетокот на 2006 г. Тој беше денс/електро албум во соработка со Pet Shop Boys, Вилијам Орбит, Соул Меканик, Џој Негро, Марк Ронсон, Крис Гриерсон, The Orr Boys и други.
Првиот сингл "Rudebox", беше промовиран на радио од страна на Скот Милс во неговото шоу на BBC Radio 1. Настанот предизвика контроверзност, бидејќи ембаргото на издавачките куќи беше прекршено иако самиот изведувач го поддржа презентерот за тоа. Повеќе контроверзност следуваше потоа поради радикалната промена на насоката од првиот сингл во споредба со неговите претходни издавања. Британскиот весник The Sun ја именуваше песната како,,најлошата песна досега’’. Меѓутоа, Викторија Њутон изјави дека има сигурни хитови во албумот. Песната беше издадена во септември истата година искачувајќи се на четвртото место во Велика Британија. На првото место беше во Германија, Швајцарија и Италија.
Вилијамс го издаде својот многу очекувачки денс / електро албум "Rudebox" на 23 октомври 2006 г. Албумот доби мешани критики: Allmusic му даде рејтинг од 4 ѕвездички, NME 8 од 10, а Music Week и MOJO беа еднакво позитивни,[31] но доби многу послаби критики од британскиот печат. И покрај тоа што го достигна првото место, продажбата на албумот беше многу под очекувањата од неговата издавачка куќа и целокупната продажба во Велика Британија беше преземена од страна на албумот на неговиот поранешен бенд Take That, Beautiful World. Албумот се продаде во околу 500 000 копии во Велика Британија станувајќи неговиот најниско продаван албум во земјата, сертифициран 2 пати како Платина од БФИ. Албумот беше поубаво прифатен од јавноста во другите делови од светот каде што се проби на првото место вклучувајќи ги Германија, Швајцарија, Австрија, Финска и Италија.
Албумот продаде два Платинаа во Европа со продадени над 2 милиона копии правејќи го набрзо продаван платински албум за 2006 г.[32] Албумот заврши на осумнаесеттото место во листата за најдобро продавани албуми низ светот. Нејл Тенант потврди дека албумот има продадено 4,5 милиони копии до 2007 г.
Вториот сингл "Lovelight" ислезе малку пред издавањето на албумот и беше комерцијално издаден на 13 ноември. Синглот се искачи меѓу првите десет места во Велика Британија, Холандија, Финска, Данска и Италија, но не успеа да го достигне усехот од претходните песни на Вилијамс бидејќи не седеше долго време на музичките листи.
Третиот сингл "She's Madonna" вклучуваше ремикси од Крис Менас и Крис Лејк и беше издаден на Европското радио во јануари да му претходи на комерцијалното издавање закажано за 5 март 2007. Песната го достигна само шеснаесеттото место на музичките листи во Велика Британија, но беше доста подобра во Европа каде што се проби меѓу првите десет во повеќето земји. Се искачи на првото место на European Airplay Chart по поминувајќи две недели на второто место, подвиг каков што неговиот поранешен бенд Take That не успеа да постигне. Беше потврдено дека овој сингл нема да биде издаден во Латинска Америка и Австралија, но сепак се пушташе во етерот во другите земји. Наспроти ова, синглот беше издаден како Digital Download (дигитално преземање) во Мексико во четири различни формати. Во август 2007 г. синглот го достигна 12-тото место на музичката листа во САД, Hot Dance Club Play.
"Bongo Bong and Je Ne T'Aime Plus", во соработка со британската пејачка Лили Ален, беше издаден како трет сингл во Велика Британија и други Европски земји, пробивајќи се на радио во јануари 2007 г., а како дигитално преземање во февруари. За да го промовира својот албум Вилијамс учествуваше во низа кратки филмови.[33] Goodbye to the Normals беше режисиран од Џим Филд Смит а музиката “Burslem Normals” беше од Роби Вилијамс.
По скоро десет месеци, на 4 октомври 2007 г. Вилијамс се врати на сцената во живо кога се појави како гостин на концертот на Марк Ронсон во Лос Анџелес. Тој ја изведе песната од The Charlatans, "The Only One I Know", која се наоѓа на Ронсоновиот албум Version.
На почетокот на 2007 г. излегоа на површина гласините за новиот студиски албум во соработка со Гај Чемберс, заедно со добро познатите обврски на Вилијамс кон договорот со EMI. Британската пејачка и текстописец Лаура Кричли изјави дека има пеено вокали за три песни, но дека тие нема да се издадат сè до 2009 г.
На 16 јануари 2008 г. The Sun објави дека Вилијамс за некои песни работел со Чаз Џенкел, членот на групата The Blockheads. Во статијата пишуваше дека не функционирала соработката со Чемберс и дека материјалот на којшто работел Вилијамс со Џенкел ќе била основата на неговиот нов студиски албум. Сепак, иако беше потврдено на страната на The Blockheads дека Џенкел пишувал со Вилијамс, гласините дека Чемберс не соработува повеќе со него не беа официјално потврдени. Во август 2008 г. Калум Блу, пријателот на Вилијамс, изјави дека тој сè уште работи на албумот.
Во февруари 2009 г. беше потврдено дека Вилијамс пишувал материјали со Гај Чемберс и Марк Ронсон. Портпаролот изјави дека Вилијамс планира да започне со снимањето во март и дека новиот албум ќе биде издаден кон крајот на 2009 г. Ова најверојатно ќе биде последниот албум на Вилијамс издаден од EMI.[34] Вилијамс на неговата официјална страна потврди дека работи со продуцерот Тревор Хорн на неговиот нов албум, се опиша себеси дека,,вредно зуи’’ и дека новиот албум звучи,,големо Многу, многу големо”. Новиот албум ќе има наслов Reality Killed the Video Star,[35] како упатување на песната "Video Killed the Radio Star" од поранешниот бенд на Хорн, The Buggles. Албумот беше издаден на 9 ноември 2009 г. во Велика Британија.[36] Новата песна "Bodies" за првпат се пушти за време на Шоуто на Крис Мојлс на BBC Radio 1, каде што Мојлс ја опишува како,,растечка”, со што подоцна се согласи Вилијамс дека луѓето треба неколкупати да ја слушнат пред да им се допадне.
На 11 октомври 2009 г. Вилијамс издаде компилација со 12 песни насловена Songbook како бесплатно ЦД за весникот The Mail on Sunday. ЦД-то е еден албум со неговите најголеми хитови вклучувајќи и неколку ретки изведби во живо и слики од неговиот нов албум.[37] Во ЦД-то исто така е вклучен и софтверот 'completemyartist' којшто дава пристап до поексклузивна содржина и музичките листи он-лајн. Истата вечер Вилијамс го направи неговото,,враќање” на шоуто The X Factor, изведувајќи ја неговата нова песна “Bodies” за првпат во живо. Појавувањето се покажа како контроверзно бидејќи печатот и гледачите состојбата на Вилијамс ја ставија под знак прашалник по проследената бизарна и променлива изведба. Портпаролот подоцна јавно изјави дека Вилијамс не конзумира дрога. На 12 декември 2009 г. Вилијамс се појави повторно на шоуто за дуетот со финалистот Оли Мурс. Имаше изјави дека Вилијамс го пропуштил неговиот знак и дека не бил свесен за должината на инструменталната музика и затоа почнал прерано. Сепак, тој се насмеа на тоа и го најде неговото место според Оли Мурс и успеа да ја заврши неговата изведба без други негативни инциденти.
На 20 октомври 2009 г. ги отвори BBC Electric Proms во Лондон RoundHouse.[38] Тоа беше неговиот прв концерт во живо по 3 години и беше прикажуван во 200 киносали низ светот.[39] Придружуван од гудачки дел, трубачки дел, цел бенд и продуцентот Тревор Хорн, Вилијамс изведе неколку песни од Reality Killed the Video Star и некои од неговите најголеми хитови.[39] Помеѓу музичарите во ова шоу во живо, од страна на Ферн Котон, Ди-Џејот на БиБиСи, беше забележана девојката која свири на харфа, Лусинда Бел, што ја доведе до тоа да потпише договор за 5 плочи во вредност од 1,25 милиони фунти со Universal Records.
Reality Killed the Video Star беше разгледуван во Велика Британија во музичкиот сервис Spotify на 6 ноември 2009 г., 3 дена пред неговото официјално издавање на 9 ноември.[40] Во Битката за висок профил на музичките листи, албумот на Вилијамс се натпреваруваше со второпласираните JLS од X Factor 2008 г. кои го издадоа својот деби албум истиот ден. JLS го победија Вилијамс на првото место за 1 500 продадени копии. И двата беа најдобро продаваните албуми за годината во Велика Британија. Можеби албумот на Вилијамс не го достигна првото место во Велика Британија, но таа недела беше на првото место глобално.
Албумот исто така беше издаден и во САД (првиот албум на Вилијамс издаден таму од Escapology од 2002 г.). Меѓутоа албумот се искачи само на 160-тото место на албумските листи на Билборд 200 и само по една недела испадна од табелата. При крајот на ноември 2009 г. Вилијамс патуваше до Австралија за неговата изведба на ARIA Music Awards of 2009.[41]
Во јуни 2010 г. беше официјално објавено дека Вилијамс е подготвен да го издаде својот албум со најголемите хитови, In and Out of Consciousness: The Greatest Hits 1990–2010, да прослави 20 години како изведувач. Неговиот нов сингл "Shame", напишан и испеан од страна на Вилијамс и Гери Барлоу, неговиот пријател од Take That, е исто така вклучен во албумот. Синглот ќе се издаде на 4 октомври 2010 г., додека пак албумот е подготвен да се издаде на 11 октомври 2010 г. и како ЦД и како ДВД. На 15 јули 2010 г. Роби Вилијамс изјави дека ќе се врати во Take That. Заедничката изјава на Вилијамс и групата гласеше: „Гласините се точни... Take That во оригинална поставеност напишаа и снимија нов албум насловен Progress кој ќе се издаде подоцна оваа година.“. „По месеци шпекулација, Гери Барлоу, Хауард Доналд, Џејсон Оринџ, Марк Овен и Роби Вилијамс потврдија дека снимале нов студиски албум кој ќе го издадат во ноември.“
На 26 август 2010 г. беше објавено дека Вилијамс ќе биде вокален тренер во деветтата сезона на германското реално телевизиско шоу Popstars: Girls forever за да ги подготви кандидатките за оформување женска група. На 20 септември 2010 г. Вилијамс ја издаде неговата втора книга наречена “You Know Me” во соработка со Крис Хед. Книгата содржи колекција на лични фотографии од последните 20 години од неговата кариера и поглед позади сцената од Вилијамс.
Во октомври, Media Controlго именува Вилијамс како најуспешен албум-изведувач на милениумот поради фактот дека од 2000 г. беше 38 недели на првото место на Германските албумски листи.Тој исто така беше 135 пати меѓу првите 10 на музичките листи.
Во декември 2008 г. Вилијамс изјави дека планира да се пресели во Велика Британија пред да го издаде неговиот осми студиски албум кон крајот на2009 г. и можно повторно обединување со Take That. Фотографиите исто така ја покажуваат неговата нова тетоважа на десната рака со логото на Take That како почит кон неговите поранешни колеги од бендот. Вилијамс си купи куќа од 7 милиони фунти во селото Комптон Басет, Вилтшир.
На 27 март 2009 г. Вилијамс изјави дека е подготвен да се врати во Take That.[42] Тој рече: „Јас редовно комуницирам со нив дури и со Газ и најверојатно тоа ќе се случи до крајот на неделава. Се чини дека и момците се за тоа и некои луѓе мислат дека е завршена работата. Мислам дека ќе биде забавно.“ Вилијамс беше нестрплив повторно да се придружи во групата на нивната турнеја The Circus Live, но овие планови никогаш не се случија. Во септември 2009 г. беше објавено дека Вилијамс работи со Take That во Њујорк,[43] но овие гласини не беа потврдени.
Додека се зборуваше дека Вилијамс повторно ќе се обедини со Take That, на 12 ноември 2009 г. на концертот за Children In Need на The Royal Albert Hall тие благо се поздравуваа на сцената помеѓу изведбите. Сепак тие се споија за време на последната песна за вечерта, кога Роби го гушна Гери Барлоу и заедно ја пееја Hey Jude. Вилијамс потоа во едно интервју изјави дека ќе има повторно обединување. На 15 февруари 2010 г. весникот The Sun испечати интервју со Роби во кое пишува дека тој и Take That се забележани како заедно одат во студиото во Лос Анџелес. На 15 јули беше објавено дека Роби Вилијамс повторно се соедини со Take That. Во ноември 2010 г. беше издаден албумот на Take That, Progress, кој стана најбрзо продаваниот албум на векот и второ најбрзо продаван албум во историјата на Велика Британија.[44]
Бендот исто така ја објави турнејата Progress Live 2011 која ќе започне низ Велика Британија во летото и ќе заврши со рекордни 8 ноќи на стадионот Вимбли во Лондон.[45] Турнејата исто така ќе ги посети и најголемите места во Европа по турнејата во Велика Британија. Турнејата беше најбрзо продавана турнеја во историјата на Велика Британија со телефонски линии и мрежни места за продавање на билети.[45]
Првиот американски сингл на Вилијамс, "Millennium", достигна до 72 место на музичките листи Billboard Hot 100. Неговата највисока позиција во Америка беше 20-тото место на Top 40 Mainstream. Неговиот втор сингл “Angels” беше успех на Hot Adult Contemporary музичките листи каде го достигна 10-тото место. Тој исто така се проби до 41-то место на Hot 100 и стана највисоко рангирана песна на американските музички листи и беше најпознатата песна на Роби Вилијамс во САД (подоцна и преработките од страна на Џесика Симпсон и Дејвид Аркулејт ќе бидат издадени како песни). Во 1999 г. Вилијамс издаде посебна, само за САД, компилација од неговите први два албума насловена како The Ego Has Landed. Албумот се искачи на 63 место и беше Златен со продадени над 500 000 копии во САД.
Подоцна во 200 г. синглот "Rock DJ" земен од вториот американски албум на Вилијамс, Sing When You're Winning, беше издаден и успеа да го достигне 24 место на музичките листи на Hot Dance Club Play, но не беше на Hot 100. Албумот се искачи на 110-то место на Billboard 200 и таму остана само четири недели.
EMI се надеваше дека издавањето на албумот Escapology, заедно со промотивна турнеја, успешно ќе се пробие на американскиот пазар. Вилијамс ја изведуваше водечката песна на шоуа како Добро утро Америко (Good Morning America) и Вечерното шоу со Џеј Лено (TThe Tonight Show with Jay Leno). Сепак синглот не успеа да влезе на Hot 100, но се искачи на 28 место на Adult Top 40. Албумот исто така не успеа да се искачи високо во Америка и го достигна 43-тото место на US Album Billboard Charts. Intensive Care и Rudebox не беа издадени на американските музички куќи, но беа достапни на iTunes. Албумот од 2009 год на Вилијамс, Reality Killed The Video Star,, беше издаден во САД, но како голем неуспех остана на 160-тото место на музичките листи само една недела.
Синглот на Вилијамс "Lovelight" беше издаден во САД од страна на Virgin Records, дебитирајќи на 23-тото место на музичките листи Billboard Hot Dance Club Play во март 2008 г. и до мај 2008 год конечно се искачи на 8-то место. Тој беше третиот сингл од британскиот пејач којшто се проби на Американската денс листа. Тој исто така беше шестиот сингл што ги достигнал американските музички листи и неговиот втор највисоко рангиран сингл во Америка досега. И други песни од албумот како: She's Madonna, We're the Pet Shop Boys и We're the Pet Shop Boys (Close My Eyes) беа издадени во САД. Овие песни се искачија на 12-тото, 5-тото и 7-то место на музичките листи на Hot Dance Club Play.
Вилијамс имаше поголем успех во Канада каде што "Feel" се проби во првите десет. И други негови песни станаа популарни таму особено "Angels", "Millennium", "Rock DJ", "Tripping" and "She's Madonna". Вилијамс доби Платински сертификат за The Ego Has Landed за продажбата од над 100 000 копии и Златен за Swing When You're Winning како и за Escapology со продадено 50 000 копии од секој посебно.
Една од неговите најпознати соработки е песната "Kids", дует со австралиската поп ѕвезда Кајли Миног. Песната се искачи на 2-то место на UK singles charts во 2000 г. Вилијамс исто така соработуваше со австралиската филмска ѕвезда Никол Кидман за преработката на песната "Somethin' Stupid" од Френк и Ненси Синатра. Во 2011 г. песната го достигна првото место на музичките листи во Велика Британија. На неговиот сингл "No Regrets", Нејл Тенант и Нејл Ханон беа придружни вокали.
Во 2002 г. Вилијамс се појави на песната "My Culture од албумот 1 Giant Leap заедно со раперот Макси Џез (каде што имаше текст од скриената песна “Hello Sir” од Life Thru a Lens). Вилијамс исто така учествуваше во двојното ЦД насловено Concrete коешто беше издадено истиот ден како и Rudebox. На ЦД-то беше концертот сниман за БиБиСи на којшто The Pet Shop Boys заедно со Вилијамс го пееја нивниот класичен хит “Jealousy”. Нивниот заеднички труд, "She's Madonna", беше издаден како сингл во март 2007 г. На 13 август 2007 г. беше издаден албум со дуети со Дин Мартин, на којшто Вилијамс ја пее "Please Don't Talk About Me When I'm Gone". Неодамна беше објавено дека Вилијамс го снимил првиот сингл од албумот на англиски јазик на мексиканската пејачка Талија. Во 2010 г. тој изјави дека ќе го издаде "Shame", дуетот со водечкиот пејач и текстописец на Take That, Гери Барлоу, како негов прв сингл од колекцијата на неговите најголеми хитови In and Out of Consciousness: The Greatest Hits 1990–2010.
Вилијамс се појавува во неговата сопствена караоке видео игра "We Sing Robbie Williams" (Ние го пееме Роби Вилијамс) објавена на 12 ноември 2010 година.[46] Ќе има 25 песни со нивните оригинални видеа. Играта ќе ја издаде Нордик Гејмс којшто склучи договор со EMI. Во играта исто така ќе биде содржана и песната Shame од Роби Вилијам и Гери Барлоу како дополнителна 26 песна.
Се тврди дека Вилијамс има продадено повеќе албуми во Велика Британија од било кој друг британски соло изведувач во историјата[47] и досега има добиено повеќе Брит награди од другите изведувачи. Продажбата на неговите албуми е над 77 милиони копии низ целиот свет.[48] Вилијамс влезе во Гинисовата книга на свтски рекорди откако беа продадени 1,6 милиони билети во еден ден за неговата најавена светска турнеја за 2006 г.[49]
Му беа доделени многу награди вклучувајќи осумнаесет BRIT и осум ECHO награди.[50][51][52] Во 2004 г. беше примен во Британската музичка хала на познатите откако беше изгласан за најголем изведувач на ’90-тите.[53]
Тој се појавува шест пати на списокот на Топ 100 најдобро продавани албуми во Велика Британија.[26]
На 23 октомври 2009 г. беше објавено дека тој ќе ја добие наградата за „Исклучителен придонес во британската музика“ на Британските музички награди 2010. Вилијамс ја доби својата награда на 16 февруари 2010 г. на крајот на церемонијата и изведе мешавина од неговите најголеми хитови како Let Me Entertain You, No Regrets, и Angels.[54]
Во петокот на 3 септември 2010 г. во шоуто во кое беа "The Wanted" и Алеша Диксон, Вилијамс ги вклучи светски познатите Blackpool illuminations и изјави дека тоа е најголемата работа што некогаш ја постигнал.[55]
Во 2006 г. Вилијамс се преселил во Лос Анџелес, Калифорнија,[56] и многупати изјавувал дека ужива во слободата и приватноста бидејќи не е толку познат таму. Тој се пресели назад во Велика Британија во 2009 г. кога купи куќа во вредност од 8 милиони фунти во Комптон Басет, Вилтшир, во близина на неговиот пријател Џонатан Вилкс кој живее во Свиндон. Вилијамс ја продаде куќата една година подоцна за да се врати повторно во Лос Анџелес.
Во текот на неговиот живот, Вилијамс наводно се борел со психичка болест, прекумерна телесна тежина, прашања во врска со самодовербата, алкохолизам и злоупотреба на супстанци.[57][58] Тој еднаш дискутираше за тоа како неговиот пријател Елтон Џон го пријавил во клиника за да се справи со неговото користење на наркотични средства коешто се појавило како резултат на депресијата која ја доживувал додека бил во Take That.[58] Во февруари 2007 г. беше во центар за рехабилитација во Туксон за неговата зависност од апчињата на рецепт како Xanax, Seroxat, Vicodin и енергетскиот пијалак Lucozade. Вилијамс порано пушеше по 60 цигари дневно, но во 2009 г. се откажа пореди неговата девојка Аида Филд.
Вилијамс е многу заинтересиран за НЛО и паранормални феномени и го проследувал својот интерес од 2008 до 2009 г.[59] Неговиот интерес во областа го довело до тоа да учествува во документарен фил за БиБиСи со Џон Ронсон. Документарецот ги довело до НЛО конвенција во Невада. За време на интервјуто со Џош Стоун на Шоуто на Џерему Кајл во 2008 г. Вилијамс откри дека видел НЛО дури трипати. Вилијамс изјави дека за првпат видел НЛО кога бил дете во Британија додека второто го забележал во Беверли Хилс и додаде дека третото гледање било откако напишал песна за контакт со вонземјанин.[60]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.