Remove ads
американска пејачка и глумица From Wikipedia, the free encyclopedia
Ненси Сандра Синатра[1] (англиски: Nancy Sinatra; родена на 8 јуни 1940 година)[2] ― американска пејачка и глумица. Ненси е ќерка на Френк Синатра и Ненси Синатра (моминско Барбато), а најпозната е по нејзината песна од 1965 година „These Boots Are Made for Walkin".
Ненси Синатра | |
---|---|
Ненси Синатра во 1960-тите | |
Роден(а) | Ненси Сандра Синатра 8 јуни 1940 Џерси Сити, Њу Џерси, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1961–2013 |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Родители | Френк Синатра Ненси Барбато |
Роднини | Тина Синатра (сестра) Френк Синатра (брат, починат) |
Страница nancysinatra.com |
Ненси Синатра е родена на 8 јуни 1940 година во Џерси Сити. Таа била прво од трите деца на Френк Синатра со неговата прва сопруга, Ненси Барбато. Нејзините родители имаат италијанско потекло.[3] Во детството, со семејството се преселиле во Хасбрук Хајтс во Њу Џерси, а подоцна поради холивудската кариера на нејзиниот татко се преселиле во Толука Лејк во Калифорнија. Во Толука Лејк долги години земала часови по пијано, танцување и глума, а неколку месеци одела на часови по пеење.[4]
Ненси Синатра дипломирала во Универзитетското средно училиште (Лос Анџелес) во јуни 1958 година.[5] [6] [7]
Ненси Синатра својата музичка кариера ја започнала во ноември 1957 година. За прв пат се појавила на естрадата во емисија на нејзиниот татко на ABC-TV, но на почетокот стекнала популарност само во Европа и Јапонија. Во 1961 година, потпишала за издавачката куќа на нејзиниот татко Reprise Records. Нејзиниот прв сингл, „Cuff Links and a Tie Clip“, поминал во голема мера незабележано. Следните песни се нашле на топ-листите во Европа и Јапонија. До 1965 година, немала хит во САД, и била на работ да биде исфрлена од издавачката куќа.
Популарноста во САД дошла на почетокот од 1966 година, откако Ненси ја објавила хит-песната „These Boots Are Made for Walkin‘“. Песната ја напишал Ли Хејзлвуд, кој исто така напишал и продуцирал многу нејзини хитови и отпеал со неа неколку дуети. Аранжер и диригент на песната бил Били Стрејнџ.
Песната добила три номинации за наградата Греми, две за Ненси Синатра и една за аранжерот Били Стрејнџ. Била продадена во повеќе од еден милион примероци и била сертифицирана со златен тираж.[8] Во промотивното видео за телевизија, Ненси била облечена во високи чизми и е придружувана од колоритно облечени го-го танчери; ова денес се смета за иконски изглед на Swinging Sixties.[9][10]
Од почетокот на 1966 до почетокот на 1968 година, 14 песни од Ненси Синатра се нашле меѓу 100-те најдобри песни на Билборд, а десет од нив и во топ-40. Покрај „These Boots Are Made for Walkin‘“, позначајни нејзини песни од овој период се „Sugar Town“, „ Love Eyes“, трансатлантскиот хит од 1967 година „Somethin' Stupid“ (во дует со нејзиниот татко), две верзии на насловната песна од филмот за Џејмс Бонд Се живее само два пати (1967), неколку соработки со Ли Хејзлвуд, како „Summer Wine“, „Jackson“, „Lady Bird“ и „Some Velvet Morning“ и една преработка од 1966 година на песната од Шер „Bang Bang (My Baby Shot Me Down)“, која се појавува во најавната шпица на филмот од Квентин Тарантино од 2003 година, Убиј го Бил, том 1. Во 1971 година, Синатра и Хејзлвуд за прв пат со заедничка песна се пласирале на листата за синглови во ОК „Did You Ever?“ (на второ место).
Од 1964 до 1968 година, Ненси се појавила во неколку играни филмови. Во 1966 година глумела заедно со Питер Фонда во филмот од Роџер Корман „Диви ангели“. Во 1968 глумела со Елвис Присли во музичката драма „Спидвеј“. Френк и Ненси Синатра глумеле татко и ќерка во комедијата Брак на карпите од 1965 година.
Бракови:
Деца (со Ламберт):
На двете нејзини ќерки им биле оставени 1 милион американски долари од тестаментот на нивниот дедо Френк Синатра.[13]
Помеѓу браковите, Ненси била свршена за продуцентот Џек Хејли Џуниор, кој подоцна се оженал за Лајза Минели.[14] Таа, исто така, се состанувала со Мајкл Кејн [15] и Фил Спектор.[16] Исто така, живеела со архитектот Дејвид Клинтон, кој ги дизајнирал и ги изградил двата нејзини дома во Беверли Хилс.
Солистички студиски албуми
Студиски албуми во соработка
Играни филмови
Документарни филмови
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.